ВИДЕО: Трешти музика по полноќ во Битола - граѓаните не можат да спијат

Наша читателка, која сакаше да остане анонимна, ни испрати неколку видеа од полноќниот „џумбус“ во Битола. Вели не може да се спие, бидејќи музиката од „Pub Connect“ е премногу гласна.

Таа веќе пријавила во полиција, но од таму и рекле дека локалот може да работи до 1 часот по полноќ, пред и во текот на новогодишните празници.

Новогодишнита атмосфера и празниците се убав дел од годината при кој забораваме на повеќето од проблемите, но тоа не значи дека некој треба да страда од нашето забавување.

Испратено од Анонимна

Видео: Во оваа држава сите кафани ќе бидат „летна бавча“

Вилнус е претворен во огромна “летна бавча”. Властите на Литванија,  им дозволија на угостителите да постават маси на јавна површина без да бидат казнет, а се со цел за граѓаните да биде задоволена и социјалната дистанца меѓу нив да биде испочитувана, пренесува 24sata.hr.

Toа е начинот на кој оваа земја постепено ги олабавува рестрикциите. Продавниците, фризерските салони, салоните за убавина, бибилиотеките, музеите и рестораните повторно ќе бидат отворени ширум земјата уште во понеделник. До сега во Литванија има 44 cmpтни случаи и 1.344 зapaзени од kopoнавиpyc.

На кафулињата ќе им биде дозволено гостите да ги примаат во “летните бавчи” со строго определена раздалеченост меѓу нив од 2 метри.

ВИДЕО: Дечките кои ги знаете од дискотеките низ Македонија со „Списак разлога“

„Амазон бенд“ е музичко дуо од Виница составено од Мартин Атанасовски - вокал и гитара и Васко Велинов - клавијатура.

Активни се со свирки по ноќни барови и дискотеки низ Македонија.

Ова е нивниот прв видео кавер на песната "Списак разлога" од групата Ван Гог.

За аудиото, мастерингот и едитирањето на видеото се погрижи Петар Хаџиев а видеото е дело на Дарко Тошиќ.

Испратил: Мартин

Популарно