(ФОТО) Полицајците Петар и Слободан спречија жена да се фрли од мост

Вистинска драма се одвивала викендов во Србија, кога жена се обидела да си го одзеде животот со скок од мост. За среќа, полицајците Петар Бубало (29) и неговиот колега, 23-гоишниот Слободан Бутуровиќ со натчовечки напори и голема пожртвуваност спречиле да дојде до трагедија.

Кога дента тргнале во патрола, не ни насетувале со што ќе се соочат. Тие ја виделе постарата госпоѓа како стои на мост, свртена со грбот кон водата. Велат им се заледила крвта во вените.

- Отидовме во патрола и ја видовме постарата жена како сака да се самоубие. Немавме дилема што да правиме, веднаш реагиравме. Зборувавме со часови со неа, викнавме екипи и Брза помош, велат полицајците-херои.

Доека жената се жалела дека има семејни проблеми и дека не вреди да живее, тие полека при разговорот и се приближувале и кога дошле на метар од неа ја зграбиле за рамениците за да не падне ако во тој момент на шок ја пушти оградата.

Тие ја спасиле несреќната жена која веднаш била однесена во болница.

Браво за младите, пожртвувани полицајци кои се херои!

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно