ПОВЕЌЕ БЕНЕФИЦИИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ: Вип продолжува со инвестиции во мобилната мрежа!

Раководството на телекомуникацискиот оператор оне.Вип денеска објави дека успешно е завршен најавениот процес на спојување на мрежите на двете компании и оти е обезбедена единствена мрежа за нивните корисници во сите региони во Македонија.

Активностите почнаа по спојувањето на двете компании во октомври лани и се одвиваа во тек на годинава.

Новиот извршен директор на Оне.Вип Димитар Ковачевски на средба со новинарите истакна дека има позитивни очекувања за 2017 година во која, како што рече, тимот на оне.Вип дополнително ќе ја стабилизира и оптимизира мобилната и фиксната мрежа.

– Инвестицијата што е направена во 2016 година е неколку десетици милиони евра, ќе продолжи и во 2017 година затоа што ни претстои период на доконсолидација и оптимизација на мобилната мрежа, а исто така инвестираме и во фиксната мрежа, рече Ковачевски.

Од оне.Вип соопштија дека со спојувањето ги вовеле напредните 3G/4G.4G+ технологии во подрачјата каде ги немала претходно, и оти е обезбедена покриеност на повеќе од 99,7 проценти од населението во Македонија со 2G и 3G технологија и 95,8 проценти со LTE технологија. Спојувањето на над 1,1 милион корисници за една година, според раководството, било со минимално нарушување на континуитетот на услугите кон корисниците.

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Популарно