Почина водачот на најопасните ограбувачи во светот - „Пинк Пантер“

Најважниот актер во спектакуларниот грабеж кој се случи во Дубаи во 2007 година, Борко Илинчиќ (35), бил пронајден мртов во својата затворска ќелија, пишуваат белградските медиуми.

Борко Илинчиќ бил „мозокот на операцијата“, кога на 15. \ април 2007 година во трговскиот центар „Вафи“ во Дубаи, криминалната банда наречена „Пинк Пантер“ од јувелирница однесоа накит вреден 11 милиони евра.

Групата на Илинчиќ со два автомобилa „aуди“ влетала во трговскиот центар го пробиле излогот на златарницата „Граф“ и за помалку од една минута ограбиле накит, дијаманти и часовници во вредност од 11 милиони евра.

Успеале да се вратат во атомобилите, кои откако побегнале ги запалиле.

Илинчиќ во февруари 2014 година бил уапсен во Мадрид, а во октомври минатата година од Шпанија е екстрадиран во Обединетите Арапски Емирати. Тој бил осуден на 10-годишна затворска казна.

Како што пренесуваат белградските медиуми, тој во затворот во Дубаи, најверојатно, починал од инфаркт.

Братот на починатиот заминал во Дубаи за да го преземе телото, а како што изјавил негов близок пријател, семејството се сомнева дека Илинчиќ не починал од инфаркт, туку смета дека бил убиен.

Ден на жалост во Италија

Под урнатите од надвозникот во Џенова пронајдени се уште три тела, со што бројот на жртви се искачи на 41.

Пожарникарите ги пронашле телата на деветгодишно девојче и нејзините родители во смачкан автомобил под урнатиот надвозник.

Од 10 до 20 лица се уште се водат како исчезнати.

Во Италија денеска е прогласен Ден на жалост.

Предвидена е литургија и погреб на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте.

Погребната церемонија ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија (РАИ).

Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна во вторникот.

Бетонскиот мост Моранди беше изграден во 1967 година, а реконструиран во 2016 година

Позната политичарка направи тешка сообраќајка – има загинат

Вера Бегиќ-Блечиќ секретар за спорт на градот Спилт, мртва пијана возејќи во спротивен правец предизвикала сообраќајна несреќа во која што загинал еден човек.

Таа возела со 1,81 промил алхохол во крвта во спротивн правец по автопатот Нова Вас-Вишијан и удрила во шкода во кој што било тричлено семејство од Словенија.

Со автомобилот удира во заштитната ограда, па отако била отфрлена од ударо со пежото удрил во автомобил со пулски регистерски ознаки, а 41-годишниот возач загинал.

Скарлет Јохансон е најплатената актерка на светот

Скарлет Јохансон Американската актерка е најплатената актерка во светот, според списанието „Форбс“.

Во изминатата година, 33-годишната ѕвезда заработи 40,5 милиони долари. Поголемиот дел од парите доаѓаат од учество во „Одмаздниците“.

На второ место на листата е Анџелина Џоли со 28 милиони долари, следена од Џенифер Анистон со 19,5 милиони долари.

Понатаму во рангирањето се добитничката на „Оскар“, Џенифер Лоренс со 18 милиони долари, Рис Витерспун со 16,5 милиони долари, Мила Кунис со 16 милиони, Џулија Робертс со 13 милиони, Кејт Бланшет со 12,5 милиони, Мелиса МекКартни со 12 милиони и Гал Гадот со 10 милиони долари.

Списанието ги пресметува заработените од актерките пари за периодот 1 јуни 2017 година – 1 јуни 2018 година.

Вкупно десетте најплатени актерки во светот во текот на овој период  заработиле 186 милиони долари.

Популарно