Од што умре мајмунот Дино во Зоолошката во Скопје?

Зоолошка градина – Скопје попладнево се јави со демант на обвинувањата од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, дека младиот мајмун Дино, роден во март 2015 година, умрел од сепса и со тешки повреди предизвикани од вработен, кои не биле санирани. Од Зоолошката ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека повредите на Дино му биле нанесени во тепачка со друг мајмун, која се случила на 18 декември, а веднаш потоа бил однесен на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, но не ја преживеал операцијата.

„На 18 декември, при меѓусебен конфликт на два мајмуни од видот павијан, едниот од павијаните, познат во јавноста како Дино, како резултат на конфликтот доби тешка повреда на предната нога. Веднаш беше однесен на Факултетот за ветеринарна медицина, при што беше извршена ветеринарна интервенција за санирање на повредата. За наша и Ваша жал, павијанот Дино не ја преживеа операцијата“, велат од Зоолошката, во реакцијата на обвинувањата од „Анима мунди“.

Здружението за заштита на животните претходно праша дали повредите биле предизвикани од вработен во Зоолошката и обвини дека на Дино не му била пружена ветеринарна грижа, а вработените биле залажувани и притиснати да молчат.

„Дали е вистина дека умрело по една недела страдање од физичка повреда (отворена рана и скршена нога), која била предизвикана од вработен, а која никако немало да биде фатална доколку на мајмунчето му се укажала соодветна ветеринарна помош. Имено, нè информираат дека по цела недела агонија и болка, мајмунчето умрело од сепса, а вработените биле залажувани и притиснати да молчат“, стои во соопштението на „Анима мунди“ што беше објавено претходно.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно