Јелена Карлеуша, сопругата на Душко Тошиќ, распали по Робин ван Перси на социјалните мрежи откако српскиот дефанзивец на Бешикташ доби црвен картон поради глумата на Холанѓанецот.
И самиот Тошиќ се обиде да се пресмета со напаѓачот на Фенербахче по исклучувањето, но беше спречен од своите соиграчи. Фенербахче на крајот победи со 1:0 со голот на Ван Перси во финишот.
Српската пејачка по натпреварот објави навредлив твит за Ван Перси и му посака да скрши нога.
Сепак, набрзо потоа го избриша твитот на барање на сопругот.
Дерби дуелите во Tурција меѓу Бешикташ и Фенербахче секогаш изобилуваат со тензии. Сепак тоа што се случи на последното дерби е премногу. Гигантите од Истанбул играа во нокаут фазата од Купот на Турција, а мечот го одбележа тешкиот инцидент што го направи дефанзивецот на Бешикташ, Душко Тошиќ.
Српскиот интернационалец се „закачи“ со Робин ван Перси, а потоа го удри со главата. Поради тоа доби црвен картон, а тогаш „му се споија жичките“. Тошиќ сакаше да се тепа со Ван Перси. Србинот го држеа неколку играчи, но тој инсистираше да стигне до некогашната ѕвезда на Арсенал и Манчестер Јунајтед.
На крајот Тошиќ се ладеше во соблекувалната, а Ван Перси во второто полувреме даде гол за победа од 1:0 на Фенербахче.