Борјан Јовановски: Албанскиот треба да е задолжителен во сите основни училишта за Македонците

Новинарот Борјан Јовановски на својот твитер отвори дебата со став дека Албанскиот јазик треба да е задолжителен во сите основни училишта за Македонците. Иако дебатата не тргна во правецот во кој тој се надеваше, Борјан реши да го брани својот став. Што мислите вие?

Дневен хороскоп

Oвeн – Нема потреба за брзање, но важно е да ги контролирате соработниците кои се директно поврзани со финансии. Проверете ги најважните документи неколку пати. Опуштено атмосфера иа позитивно разположение денеска ви дава добра основа да планирате и да направите еден успешен потег кон новата симпатија.

Биĸ – Обидете се да не носите избрзани одлуки. Занимавајте се со тековните обврски. Нова симпатија би можела да ви го насочи вниманието. Пред вас е поволен ден да направите еден директен потег.

Близнaци – Можно е склопување на некои нов работен договро, а можеби ќе ви бидат потребни и нови соработници или некоја обука. Израдувајте ја саканата личност со некој фин подарок, излегување, бидете весели.

Paĸ – Слушајте ја својата интуиција денеска. Максимално потрудете се на работното поле да бидете посветени и доследни. Во љубовта колку и да се обидувате да избегнете некои теми и разговори, тие повторно ќе се наметнуваат од друга страна и ќе бараат јасни одговори.

Лaв – Имате доволно поволни предиспозиции да успеете во своите намери, ако не сте поставиле премногу високи цели. Можно е денеска да запознете една симпатична личност. На вам е да се препуштите и да уживате во случувањата.

Дeвицa – Вие избивате во преден план кога е во прашање работата, но ако тоа не е неопходно, денеска не е лошо малку да се повлечете, со цел да избегнете проблеми со надредените. Однесувањето на партнерот може непријатно да ве изненади. Трпеливо обидете се да дознаете за што станува збор.

Baгa – Иако денеска околностите може да бидат комплицирани, упорни сте да остварите работен успех. Излегувајте, ве очекуваат пријатни и романтични моменти и би требало да уживате и максимално да се посветите во барање на нов партнер.

Cĸopпиja – Потрудете се некои договори порано да ги завршите на најдобар начин и така да ставите крај на еден доста успешен работен циклус. Овој ден носи потенцијални фини познанства во најава, па ете прилика да се опуштите и да уживате во флерт.

Cтpeлeц – Потрудете се да се фокусирате максимално затоа што би можеле да се најдете во ситуација на едно да мислите, а на друго да зборувате, а сосема трето да правите. На вашиот љубовен хоризонт, променливо расположение. Потрудете се да биде се коректно од ваша страна.

Japeц – Занимавајте се со актуелните обврски и бидете трпеливи. Ќе има уште прилики да се докажете. Анализирајте го секој детал и немојте да дозволите нешто да ви помине неприметно. Немојте да се оптоварувате себе и саканата личност со некои непотребни детали од минатото. Бидете опуштени. Ќе ви годи некое заедничко излегување.

Boдoлиja – Можни се иновации во процесот на работа, и ќе бидете максимално вклучени во сите текови. Тоа ментално и физички ќе ве исцрпи, но ќе успеете се да завршите. Многу убав ден да се посветите на некои заеднички активности и планови во врска со уредување на животниот простор.

Pиби – Обидете се да го усогласите очекувањата и можностите и внимавајте да не направите пропусти во размена на информацијата. Нема причина да се плашите од директен и конкретен разговор со саканата личност, но не е поволен ден да носите важни одлуки.

Групна тепачка во скопско Ѓорче, бил употребен и тврд предмет

Групна тепачка во скопско Ѓорче, се случила пред неколку дена. Бил употребен и тврд предмет.

- На 17.04.2024 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С.(47) и Ж.С.(27), од една страна и А.М.(23) и Ф.А.(24) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет, информираа од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Уапсен познатиот актер Сергеј Трифуновиќ

Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ е уапсен вечерва во Белград, во населбата Вождовац, јавуваат српските медиуми.

Полициски инспектори кај актерот нашле неколку грама недозволена супстанца.

Трифуновиќ бил приведен околу 20 часот и тоа додека купувал дрога од познаник.

Уапсен е и мажот кој бил до Трифуновиќ.

Популарно