(ВИДЕО) НОВ ЛУНА ПАРК - Град Скопје го објави изгледот на новиот забавен парк

Изминатиов   период   започна   реализацијата   на   капиталниот   проект   за изградба на нов забавен парк во Скопје. Денес граданочалникот Трајановски на својот фејсбук профил го откри изгледот на овој важен проект за главниот град.

Со ова, скопјани ќе добијат нов, модерен и атрактивен забавен парк, сонови  реквизити   и   забавни   содржини,  коj   ќе   биде   изграден   на  истата локација како стариот Луна Парк и истиот ќе биде на површина од околу 25.000 квадратни метри.

Важно е да се напомене дека  новиот забавен парк се гради во рамките на постојниот и дека нема да се зема површина од зеленилото од Градскиот парк. Изградбата на новиот забавен парк ќе се гради фазно, во повеќе години.

Извор: Skopjeinfo

ВИДЕО: Како да платите билет во ЈСП со мобилен телефон?

Веќе неколку дена во градските автобуси едно возење може да се наплаќа и преку мобилниот оператор ВИП.

Досега можеа само корисниците на Т-мобајл да плаќаат со мобилен.

Потребно е само еднаш да ја активирате оваа услуга и таа да стане активна. Цената на плаќање преку мобилен е 40 денари.

(ФОТО) ЗДРОБЕНИ ВОЗИЛА НА „ПАРТИЗАНСКА“: Тешка сообраќајка вечерва кај поликлиниката „Букурешт“

На местото на несреќата пристигна и возило на Брза помош, но засега нема информации за повредени лица во овој карамбол на една од најпрометните сообраќајници во Скопје

Тешка сообраќајката се случи вечерва на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ во близина на поликлиниката „Букурешт“ во Скопје. Во сообраќајката учествувале две возила со скопски регистерски таблички. Марките на возилата се „пежо“ и „алфа ромео“.

Двете возила, како што може да се види и од фотографиите направени од местото на сообраќајката имаат значителни оштетувања. На местото на несреќата пристигна и возило на Брза помош, но засега нема информации за повредени лица во овој карамбол на една од најпрометните сообраќајници во Скопје.

Според очевидците причина за сообраќајката е непочитување на поставената сигнализација. Полицијата е излезена на терен и врши увид. Сообраќајот не е во прекин.

Превземено од  http://telegraf.mk/

Популарно