По трагедијата која се случи во семејството Којиќ - се огласи и Кеба

Уште во март оваа година јавноста беше изненадена од веста дека Северина е бремена. Вчера беше објавена веста дека снаата на Кеба го изгубила бебето, а конечно се јави некој од семејството и да раскаже што се случува. 

Магазин „Свет“ ја објави веста дека Северина Којиќ го изгубила бебето. По оваа вест, се огласи нејзиниот свекор Драган Којиќ, кој тврди дека ништо од тоа не ее вистина, па ни приказната дека Северина била бремена. 

- Ништо од тоа не е вистина. Кога ќе биде точно ќе дознаете прво или од мене или од Северина. Читате глупости, рекол за Свет Кеба. 

(ФОТО) Брена згодна во бикини без фотошоп

Фолк-ѕвездата Лепа Брена неодамна беше на семеен одмор на црногорското приморје. Нејзиниот помал син Виктор објавуваше многу фотографии и видеа од одморот, а на една од нив е Брена која се спрема да скокне во вода. Медимите во Србија ја преземаа фотографијата со коментар дека иако е во шестата деценија, Брена изгледа одлично во бикини и дека не ѝ треба фотошоп како на многу нејзини колешки. Тие не ги штедеа комплиментите за изгледот на пејачката.

Брена, пак, за српските медиуми изјави дека сака да се опушти пред да започнат последните подготовки за свадбата на Филип Живоиновиќ и Александра Пријовиќ што ќе се одржи за помалку од два месеца.

Веднаш по одморот таа се врати во Белград, каде што беше специјална гостинка на концертот на Марија Шерифовиќ.

Пророк откри: Пријовиќ и Филип ќе добијат ќерка, па следува развод!

Познатиот астролог Душан Величковиќ открива што ги чека Пријовиќ и Филип. Душан вели дека свадбата на естрадната двојка ќе ја надмине во популарноста на свадбата на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ и дека таа ќе биде настан на деценијата. Сепак додава дека постојат големи шанси Пријовиќ да има 2 брака, бидејќи, како што вели премногу млада влезе во ова.

– Александра е двојна Девица со Сонцето во прва куќа. Таа е силна личност, има Марс во Шкорпија и Јупитер во Стрелец. Тоа се планети кои даваат екстремно мочни потенцијали. Судбината на луѓето во знакот на Девица е цел живот да лечат комплекси и никогаш да не бидат свесни колку навистина вредат бидејќи самите на себе си вредат малку. Така е и со Александра која многу млада влета во сево ова, во сериозни естрадни води и меѓу луѓе на кои не им е дорасната. Нејзиниот потенцијал најдобро го сфати лепа Брена, која се заложи за целата емотивна приказна, бидејќи е свесна дека Александра е непресушен извор на пари, вели Душан и додава::

– Кога се гледа бракот, се гледа седмата куќа. овде таа има Сатурн и секој што барем малку се разбира во астрологија знае за што говорам. Сатурн му пречи на бракот, среќата и хармонијата. Дава партнер кој е премногу сериозен. Кога куќата на бракот , пак, ќе се најде во Риби, знае да укаже на два брака. Тоа го засилува Сатурн, особено што до брак доаѓа пред 30 години. Таа не би требало да се мажи толку млада. Но, нејзе и е потребно семејство. За тоа говори прогресивната месечина која неодамна влезе во куќата на Ракот, па не би било чудно таа наскоро да забремени. Можно е првото дете да им биде женско, открива астрологот.

– Проблемот почнува по венчавката кога се бројат парите, се сумираат резултатите. Венчавката е маркетиншка претстава-или да се претстави човек во некое светло или да направи пари. Нејзе оваа година и е година за брак, но, онолку колку што се умни, толку ќе бидат во брак. Но, гарантирано ќе има жестоки препреки и некој тогаш ќе им помогне. Ачлександра е дива по природа, родена е за на сцена, не за брак. Не треба тоа да и биде приоритет. Тука може да дојде до недоразбирање, бидејќи Филип не е Игор Којиќ, кој може да и биде потрчко на сопругатаи да кине карти на нејзините концерти. Сепак Филип е Лав во хороскоп и се зависи како ќе ги решаваат несогласувањата, истакнува Душан.

(ФОТО) Карлеуша ќе полуди по коментарот на Гоца Тржан за ова парче од кое таа „не излегува“

На Јелена Карлеуша оваа изјава од колешката нема нималку да и се допадне.

Пејачката Гоца Тржан е позната како жена без влакна на јазикот и не ретко јавно го изнесува своето мислење.

Овој пат не можеше, а да не ги коментира негативно обувките од силикон кои моментално се доста актуелни, а пак Јелена Карлеуша не излегува од нив.

-Можеби сум и тотално демоде, но мене овие провидни пластички обувки миу изгледаат како нешто во кое стапалата се потат и се мачат, а на крајот засмрдуваат, напиша Гоца на Твитер.

Со оглед на тоа дека Јелена постојано носи вакви модели, веруваме дека оваа изјава на Гоца нема да и се допадне, но нема ниту да и остане должна.

Популарно