Во мај „врие" од неработни денови - еве кога ќе одмориме

Вториот ден на Велигден, кој според православниот календар е утре, е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

Во текот на мај следуваат уште три државни празници, кои согласно Законот за празници се неработни денови.

1 Мај (понеделник), Ден на Трудот

24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам

Нови цени на горивата во Македонија од понеделник!

Бензините пред две недели со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика поевтинија за три денари, а цената на дизел горивата се намали за два денара по литар. Со одлуката се изврши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 6,71, односно 4,38 отсто.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 65 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ-V) се продава за 49, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 37,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,145 денари за килограм се намали и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 25,252 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,45 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,2 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Овој понеделник не чека нова цена на горивата. Останува да видиме каква одлука ќе донесе РКЕ.

АХМЕТИ ГИ СООПШТИ МИНИСТРИТЕ: Терористот Хазби Лика кој го организирал масакрот во Вејце ќе биде заменик-премиер!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по завршувањето на состанокот на Централното претседателство во Мала Речица ги потврди имињата на новите министри во коалициската влада со Алијансата на Албанците и СДС, за која како што вели треба да биде официјализирана во понеделник, пренесуваат албанските портали.

„Благодарение на конструктивната дискусија ДУИ едногласно излезе со одлука за министерските места во идната влада. Заменик-премиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика, вицепремиер за интеграција Бујар Османи, министер за животна средина Садула Дураку, министер за економија Булент Салиу, Крешник Бектеши и Рамиз Мерко како министер без ресор“ – изјавил Ахмети.

Лика беше командант во Тетовско за време на конфликтот во 2001 година и е едно од имињата од ОНА што најмногу се споменуваа дека стојат зад озлогласениот масакр на македонските безбедносни сили во Вејце. Лика бил командант на на 112 бригада на ОНА. Беше градоначалник на Тетово од 2004 до 2008 година. Според Нова Македонија, Лика ја оштетил општината Тетово за три милиони евра.

Денес е член на ДУИ и претседател на партискиот огранок во Тетово и предложен за заменик-премиер.

Популарно