Денеска е најсреќниот вторник во годината- Замислете желба, но никако не...

Поголемиот број христијани Велигден го празнуваат три дена. Тоа значи дека и денес продолжуваат гозбите и веселбите, на кои учествуваат роднините, кумовите и пријателите.

Во Водената седмица, како што се нарекува првата недела по Велигден, особено се признаваат, и по важност се издвојуваат Водениот вторник и Водената сабота.

Според старо народно верување, вторниците важат за баксузни денови. Но, не и овој. Кај луѓето, Светлиот или Водениот вторник се смета за посебен ден, а благодетот од овој ден се пренесува на сопружниците и новооснованите семејства.

Поради тоа, баш на овој ден на многу места се одржуваат свадби. Исто така, ако дете се роди на овој ден ќе има голема среќа во животот.

Се верува дека на овој ден не е добро да се пере, готви, шие, закрпува, особено не машка облека, или облека на момче кое оди во војска.

На овој дене добро да се оди на пат. Доколку одите на пат замислете желба и таа ќе се оствари, а на патот ќе ве следи среќа.

Во Шумадија се празнува три вакви вторници, едниот е сега, вториот е после Ѓурѓовден и еден после Светата Тројца.

ВИДЕО: Наезда на змии во црквата на Богородица

Религиозниот празник Голема Богородица е еден од најважните во Грција. Јужниот сосед е земја која важи за прилично религиозна. Кај нив овој празник се слави на 15 август, а поради различните календари ние го славиме на 28 август.

Во грчките медиуми деновиве една од топ темите е повторното појавување на малите змии во црквите по селата на островот Кефалонија, кои секогаш се појавуваат пред 15 август.

Интересен детал според пишувањето на грчките медиуми е дека некои од нив на главите имаат мал бел крст. Локалните жители, но и туристите одат по црквите да ги допрат, бидејќи веруваат дека на тој начин добиваат благослов.

(ВИДЕО) Чудо кое верник го снимил за време на осветување на река-: Ова научниците не може да го објаснат

При осветување на реката Јордан, Патиријархот Теофил Ерусалимски, штом ги фрлил сребрените крстови во реката, таа го сменича правецот на течење, исто како на денот кга бил крстен Исус Христос.

Сите присутни биле воодушевени, кога при осветување на реката и оваа година, таа го променила својот правец на течење, а еден од присутните го снимил тоа со својот телефон.

Имено штом го фрлаат крстот во мирните води на реката, после молитвата, таа го менува течението. Ова се смета како еден од најголемите подароци кои Бог им ги оставил на православните верници и се случува секогаш на празникот Преображение Христово.

Денеска е Света Петка Трнова

Во православниот каландар постојат три личности со исто име Света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е Света Петка – Римјанка, втората Света Петка од Иконија и третата Света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и се празнува на 27/14 октомври, и поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и Света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на Света Петка во близината на Охрид.

Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхирстијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.

Утрешниот ден се почитува кај народот иако не е обележан со црвени букви. Овој ден го завршува „циклусот женски празници“ во кои спаѓаат Огнена и Блажена Марија.

На овој ден се избегнуваат сите потешки работи низ дома и на поле.

Нашите баби верувале дека на денешниот ден никако не е убаво да се меси леб, да се пере, да се фрла пепел или да се прави било што од рачни работи, за на жените во текот на годината не им трнат рацете.

Популарно