ВИДЕО: Одличен трик за секој кој има Микробранова - ставете сад со оцет и...

Многу домаќинки мака мачат кога ќе дојде време за  миење на микробрановата, затоа што за да ја измиете морате добро да се намачите и под разни агли да ги буткате рацете во отворот на рерната. Прашање е дали и тогаш ќе го дофатите секое ќоше. По овој трик повеќе нема да морате да го одложувате миењето на рерната, а се што ви е потребно е сад со вода и вински оцет.

Во садот со вода и оцет, ставете чечкалица за заби или дрвена лажичка (никако метална) и загрејте ја течноста на 10 минути на висока температура. Вашата микробранова ќе биде цела со пареа, додека течноста ќе испари и ќе ги омеклне деловите заостанати од тврдата храна, кои се закачиле во внатрешноста на апаратот.

Потоа со влажен сунѓер отстранете ги трагите од храна и вашиот уред ќе блесне и ќе биде чиста како кога сте го купиле.

Во Градски парк „никна“ куќичка изработена од трупецот на старо и исушено дрво

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изработија куќичка од трупецот на старо исушено дрво во Градскиот парк.

Оттаму информираат дека идејата е во иднина наместо стеблата на сувите или болни дрва да се сечат до земја, да прераснат во разни интересни форми, кои би го привлекле вниманието на минувачите.

ФОТО: Таа е природна барбика, а никогаш не била под нож

Русинката Анџелика Кенова, скоро никогаш ја нема напуштено својата куќа сама. Секогаш кога и да излезе, со неа има и неколку телохранители, затоа што според пишувањата на руските медиуми, таа е толку убава, а родителите така ја штитат од машките.

Анџелика изгледа како човечка барбика, а се чини дека предизвикува големо внимание.

-Додека растев, родителите ме одгледуваа како вистинска принцеза и не ме пуштаа надвор да излегувам со момците, па немав искуство како другите девојки. Затоа сега не водам нормален живот, јас сум како кукла.

Додека била девојче родителите ме претвораа во барбика и ми беше мило луѓето така да ме доживуваат, затоа што таа идол на девојките ширум светот, вели Анџелика.

Тврди и дека хируршки никогаш не го менувала своето тело, како и дека секој дел од нејзиното тело е природен, иако многу не и веруваат.

Додава дека родителите ја тераат редовно да вежба, а признала и дека сака да го напушти својот живот под стаклено  ѕвоно и почнала да живее како сите нормални луѓе.

Досега необјавена ФОТОГРАФИЈА од Тито: Маршалот на Бриони, во ѓаќи за капење

Јосип Броз Тито беше познат човек кој сакаше да ужива во луксуз, а тоа му го овозможуваше неговиот статус претседател на СФРЈ.

Познати се неговите фотографии кои сведочат за убавиот живот кој некогашната држава ја водеше "најголемиот син на нашите народи и народности", а оваа која е ретко покажувана во јавноста, покажува како Тито ужива на плажа.

Беше бравар, но живееше како цар!

Популарно