(ФОТО) Ова е сопругата на Марк де Јонг од „Брза кујна”

Готвачот Марк постојано го гледаме во кулинарската емисија Брза Кујна, а овој пат тој објави фотографии со кои може да се ѕирне и во неговата приватност.

Вака изгледа сопругата на Марк, Василка, со која со години е во брак и има две деца.

Обожавател од Ријана бараше љубовен совет во приватна порака, таа му прати најдобар одговор

Еден обожавател на поп принцезата Ријана испратил приватна порака до омилената пејачка барајќи љубовен совет. Поп ѕвездата му одговорила на прилично оригинален начин, а сето тоа како приказна стана интернет хит.

„Еј, Ријана. Како го преболе скршеното срце? Се борам…“, напишал дечкото.

„Само верувај дека скршеното срце е дар сам по себе. Плачи ако мораш, но нема да трае вечно! Повторно ќе пронајдеш љубов и ќе ти биде уште поубаво! Во меѓувреме уживај во сето тоа што ТИ си“, му пишала Ријана.

Ова не е прв пат Ријана да сподели лични совети со обожавател кој има приватни проблеми. Во една прилика во приватна порака го советувала некој фан јавно да изјави дека е хомосексуалец, пренесува BuzzFeed.

„Драги, во ред е да си исплашен, но најважно е да бидеш тоа што си. Всушност, немаш избор бидејќи не станува збор за одлука која можеш да ја донесеш. Тоа си што си и колку и да се чини тешко, најдобра работа е слободата и мирот во себе. Твоето семејство можеби нема да те разбере, но за среќа живееш во генерација која ќе има разбирање. А да не спомнувам дека оваа наша заедница секогаш ќе те поддржува“, му одговори Ријана, мислејќи на својата војска фанови.

 

" I can't go home yet, cuz enough people ain't seen my outfit "

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Ќе ве насмее до солзи - натпис кој е ставен на врата од ресторан ги насмеа сите

Сопствениците на рестораните често се трудат на разни интересни начини да привлечат внимание.

Благодарејќи на друштвените мрежи денес духовитите натписи по рестораните стигнуваат до сите.

Имено, на вратата од еден ресторан во Сараево бил закачен натпис кој ги насмеа минувачите, а гласел :„Вересија само за постари од 70 години, во присуство на двајцата родители“.

Совети како да заштедите струја во домаќинството во текот на летото и да ги намалите сметките за дупло

Стручните лица постојано укажуваат дека во Македонија електричната енергија не се троши рационално и дека кога граѓаните би се придржувале на советите ќе можат да ги преполоват сметките за електрична енергија.

Од друга страна пак, граѓаните главно се убедени дека сериозно внимаваат на потрошувачката, но немоќни се да остварат каква било заштеда. Во продолжение  совети за заштеда на електричната енергија во домаќинствата:

- фрижидерот треба редовно да се чисти, а термостатот најдобро е да биде поставен на температура од 3 до 5 степени;

- современите прашоци за перење овозможуваат ефикасно чистење на алиштата и на температура од 40 до 60 степени;

- со секое вклучување на пеглата се троши струја за нејзино загревање, што значи алиштата е подобро да се пеглаат одеднаш;

- секогаш да се преферира туширање наместо капење во када;

- компјутерот и мониторот да бидат во режим на мирување секогаш кога не се користат, бидејќи годишно трошат 1000 kWh;

-машината за садови секогаш да биде полна и да се вклучува ноќе;

- бојлерот е најдобро да се вклучува ноќе, или пак да се вгради реле кое автоматски ќе го вклучува и исклучува во висока односно ниска тарифа;

- во текот на готвењето садовите треба да бидат затворени;

- жаречките светилки да се заменат со штедливи;

-клима уредот троши три пати помалку отколку електричната греалка, и најдобро е да се користи во опсегот на надворешни температури од 5 до 15 степени;

Стручњаците тврдат дека со придржување кон овие правила секој дом може да заштеди и до 50% електрична енергија.

Популарно