ФАРМАЦЕВСКАТА КОМПАНИЈА НОВАРТИС ДЕЛ ОД ВТОРИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА ВО СКОПЈЕ

Во периодот 18-20 април 2017 година во Скопје се одржа вториот конгрес за хематологија, кој беше организиран од страна на Македонското здружение за хематологија.

На конгресот учествуваа повеќе од 25 еминентни експерти од Европа и Америка, и истиот беше посетен од страна на повеќе од 100 здравствени работници од Македонија.

За време на Конгресот, фармацевтската компанија Новартис имаше Медициснки научен Симпозиум во доменот на Миелопролиферативните неоплазми, во кој земаа учество и Др. Јасминка Талеска-директор на преставништво на Новартис во Македонија, претседател Проф. Лидија Чевреска, директор на клиниката за хематологија Скопје, Проф. Злате Стојаноски - научен соработник, клиника за Хематологија Скопје и Проф. Срѓан Верстовсек - МД Андерсон Центар, Тексас УСА.

“Огромна чест и задоволство е да се биде дел од ваков тип на настан. Мисијата и целта на Новартис ја започнавме тука во македонија пред 20 години, а таа цел беше и сеушете е максимална грижа за пациентот, како и достапноста на иновативни лекови за него. Остваривме голем број на проекти, едукации и кампањи се за доброто на пациентите во Македонија.На овој симпозиум ја имавме честа да оствариме соработка со Проф.Серѓан Верстовсек, од МД Андерсон Центарот за карциноми во Хјустон, Тексас кој е еден од водечките експерти во полето на миелофиброзата,кој што ги пренесе своите искуства во третманот на ова заболување”. Изјави, Др. Јасминка Талеска-директор на преставништво на Новартис во Македонија.

Програмата на конгресот беше дизајнирана да биде стимулативна и интерактивна, со едукативна содржина со цел да се подобри раната дијагностика и исходот од третманот на пациентите со хематолошки малигнитети, преку едукација на здравствените работници за бенефитите на најсовремената терапија за хронична лимфоцитна леукемија и индолетни лимфоми, како и поволностите од овие терапии за пациентите и за здравствениот систем.

Ако сакате да ослабете, овој витамин ви е неопходен

На човечкото тело му се потребни голем број витамини и минерали, кои го овозможуваат неговото нормално функционирање. Освен главните хранливи состојки, се покажало дека витаминот Д зазема важно место кога станува збор за здравјето на нашето тело.

Овој витамин го поттикнува производството на калциум, ги одржува коските, успешно се бори против анксиозноста, а новите истражувања покажуваат дека влијае и врз слабеењето.

– Ако сакате да ослабете, секојдневно земајте витамин Д пред оброците. Најдобро делува во комбинација со мастите, бидејќи ги разградува маснотиите во човечкото тело, предупредува нутриционистката Кери Клифорд.

Додава дека најефикасните резултати се постигнуваат кога го консумирате со појадокот, кој би требало да биде најобилниот оброк во текот на денот.

– Многу истражувања се направиле до сега во врска со витаминот Д, а се покажало дека влијае врз сите клетки во организмот, го зајакнува имунитетот, влијае врз функционирањето на мозокот и ја подобрува функцијата на метаблизмот, заклучува Кери.

Хирурушка инервенција за големување на пенисот во Македонија: Се срамат да имаат секс поради големината

Хируршката интервенција на зголемување на машкиот полов орган е релативно нова процедура во македонското здравство. Ретко ќе најдете маж кој ќе зборува за ваков „проблем“, доколку го има. Мала е бројката на оние што се одлучуваат на ваков потег. Меѓутоа, со достапноста на информациите на интернет, работите полека се менуваат.

- Се работи за еднодневна интервенција -  пациентот лежи во болница само еден ден. Интервенцијата се изведува низ минимален рез кој потоа не се забележува, но ефектите се извонредни. Се вградуваат природни материјали, како перикард (обвивката на срцето од животинско потекло) и вештачки материјали. Тие се како лист хартија со кои се замотува пенисот и пациентот добива ширина која е прифатлива за него. Максималната должина што може да се добие со хируршка интервенција, според медицинските протоколи, е 2,5-3 сантиметри.

Најчести барања на пациентите се во еден акт да се добие продолжување на пенисот - елонгација и задебелување - аугментација. Пациентите ги прифаќаат реалните вредности за да немаат последици врз ерекцијата и сексуалниот живот.

(ВИДЕО) Рани знаци кои откриваат дали вашите бемки се канцерогени

Ракот на кожа е втора најчеста малигна болест кај лица помлади од 50 години, а добрата инфографика помага при детекција.

Ракот на кожата е најчест облик на малигно заболување кај пациенти помлади од 50 години, а нивниот број е двојно зголемен во последните три децении. Експертите тврдат дека причината за зголемување на бројот на заболени е цената која луѓето ја плаќаат поради прекумерено и незаштитено сончање во младоста, како и користење на солариум, кој својата популарност ја доживеа во текот на осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век.

Малигниот меланом е еден од најопасните форми на рак, а експертите веруваат дека главен виновник за негова појава е опсесијата кај луѓето за потемен тен.

Кожата се сеќава на изгорениците уште од најраното детство, а како резултат на тоа можат да се развијат промени на кожата од кои произлегува меланом. Шансата за развој на карцином е поголема доколку порано ги имаме добиено изгорениците. Потребно е внимание и при користење на солариум, бидејќи 15 минутно негово користење има исто влијание врз кожата како целодневно сончање на плажа.

Иако светилките во солариумот емитираат помал процент на УВ зраци, кои се одговорни за меланомот, не се безопасни. Луѓето кои одат на солариум почесто, заболуваат од меланом, а ризикот е поголем кај оние кои почнале да го користат на рана возраст. Важно е навремено да реагирате и доколку забележите симптоми истите да ги пријавите на лекар, кој според клиничката слика ке ве упати на понатамошен специјалистички преглед.

Ракот на кожата не боли, но рапидно расте и се појавува насекаде по телото. Најчесто настанува на деловите кои се изложени на сонце, особено на лицето и вратот, а се појавуваат и на екстремитетите. Меланомот е еден од најопасните форми на рак на кожата, а се појавува како пигмент на кожата и се претвора во бемка.

Симетричните бемки, чии граници се јасно видливи, најчесто се бенигни и не се опасни. Малигните бемки, се карактеризираат со неправилен облик и нееднакви и нејасни рабови. Ако не сте сигурни дали бемката е симетрична, замислете линија која ја дели бемката на половина. Ако двете половини се со еднаква големина и контура, бемката не е малигна, но доколку се сомневате посетете лекар.

При детектирање на тоа дали вашата бемка е потенцијално канцерогена, ќе ви помогне оваа инфографика.

Популарно