(ФОТО) ЗДРОБЕНИ ВОЗИЛА НА „ПАРТИЗАНСКА“: Тешка сообраќајка вечерва кај поликлиниката „Букурешт“

На местото на несреќата пристигна и возило на Брза помош, но засега нема информации за повредени лица во овој карамбол на една од најпрометните сообраќајници во Скопје

Тешка сообраќајката се случи вечерва на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ во близина на поликлиниката „Букурешт“ во Скопје. Во сообраќајката учествувале две возила со скопски регистерски таблички. Марките на возилата се „пежо“ и „алфа ромео“.

Двете возила, како што може да се види и од фотографиите направени од местото на сообраќајката имаат значителни оштетувања. На местото на несреќата пристигна и возило на Брза помош, но засега нема информации за повредени лица во овој карамбол на една од најпрометните сообраќајници во Скопје.

Според очевидците причина за сообраќајката е непочитување на поставената сигнализација. Полицијата е излезена на терен и врши увид. Сообраќајот не е во прекин.

Превземено од  http://telegraf.mk/

Инцидент на “Рекорд” – МВР со детална информација за настанот

На 15.10.2017 година во 02.10 часот Г.П.(44) пријавила дека претходниот ден во 23.30 часот на ул.Димитрие Чуповски, поточно на автобуската постојка Рекорд, од страна на непознат сторител бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад над незјиниот малолетен син.

Сторителот го удрил нејзиниот син со тупаница во пределот на лицето, од што се здобил со видливи повреди во вид на расекотина на горната усна и крварење од носот и устата. Потоа сторителот од џеб извадил мал нож на расклопување и продолжил вербално да му се заканува на оштетениот по што си заминал, но по кратко време дошол со уште неколку лица и продолжил вербално да го навредува. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прекин на гласањето во избирачко место во Аеродром

Во општина Аеродром на избирачкото место 2686 во детската градинка на улица Коста Новаковиќ, гласањето е во прекин откако интервенирала полиција поради гласач на кој му фалело избирачко ливче.

Од изборната комисија му биле дадени четири избирачки ливчиња, а при внесувањето на ливчињата во избирачките кутии имал само три, по што било утврдено дека му недостасува ливчето за советничката листа за Аеродром.

По реакција на изборната комисија, полицијата го прекинала гласањето, а гласачот е задржан во избирачкото место.

Тепачка на гласачко место во Бутел

Денеска во околу 10 часот на гласачко место во ОУ „Петар Здравковски – Пенко“ во Бутел се случила тепачка помеѓу две лица.

Инцидентот се случил во училиштето, по што реагирало полициското обезбедување и лицата биле отстранети, а гласањето продолжило со нормален тек.

Популарно