Првиот петок по Велигден е голем празник

Првиот петок по големиот празник Велигден е посебен, веќе на полноќ започнува источен петок и на тој ден посветен на Богородица, се смета дека се случуваат чуда. 

Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој ден верниците одат на најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести. Обичај е за здравје и среќа да одите до најблискиот извор или поточе каде може да се измиете, да пиете вода и да наберете цвеќе и весели да се вратите дома дури доцна вечерта. 

ФОТО: МПЦ официјално побара бугарската црква да ѝ стане мајка

Во интервју за БТВ, Владиката Наум изјави дека Македонската православна црква -Охридска архиепископија испратила писмо до Светиот синод на Бугарската православна црква со барање да се дискутира прашањето за признавање на македонската црква и БПЦ да стане црква мајка. Бугарската државна телевизија БНТ го објави писмото испратено на 9 ноември.

Ова е ретка историска шанса што БПЦ не треба да ја пропушти, рече митрополитот Наум.

Македонската православна црква- Охридска архиепископија ја признава БПЦ за своја црква-мајка, заклучува БНТ објавувајќи го писмото од 9 ноември, нарекувајќи го „историски документ“.

Во емисијата „Вера и општество” на бугарската државна телевизија БНТ се вели дека во писмото потпишано од македонскиот архиепископ Стефан, МПЦ-ОА зборува за нејзина црква-мајка. БПЦ на ова барање од МПЦ сѐ уште не одговорила.

Во емисијата се кажа дека поддршка на оваа идеја дал и дедо Пратениј, игумен на манастирот Свети Јован Бигорски. Освен тоа, беше кажано дека ако БПЦ се согласи на ова, треба да знае дека ќе се соочи со отпор од српската и руската црква, а тоа значи и од Вселенската патријаршија.

„Ова писмо е важна историска шанса за нашата црква, која не треба да биде прокоцкана. За првпат македонската црква ја признава бугарската црква за црква-мајка“, изјави водителот на емисијата.

Архимандритот Партениј неодамна го поздрави потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија и изјави дека признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА треба да дојде од бугарската патријаршија. Отец Партениј смета дека канонската јурисдикција на територијата на која сега функционира МПЦ-ОА, последна ја имала Бугарската православна црква. Партениј ги охрабрува бугарските архиереи, во име на добрите односи меѓу двата народи, македонскиот и бугарскиот, БПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА.

„Бугарската црква, како единствена вистинска и достојна мајка-црква, со широко срце треба да ја признае македонската црква, која, еве, веќе половина век успешно ја врши својата пастирска и евангелиска мисија во една мултинационална држава, и е прифатена од сите православни, без разлика на нивната национална припадност. Ете, на пример, во бигорското братство имаме еден монах Србин, друг Ром, трет Палестинец, а во моментот имаме и еден искушеник етнички Албанец“, вели архимандритот Партениј.

Во писмото од 9 ноември, меѓу другото се вели: 

„Бугарската православна црква – бугарска патријаршија, имајќи ги предвид единството на православната Црква и реалните духовни и пастирски потреби, да воспостави евхаристиско единство со возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија како мајка црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви.

Со потпишувањето на оваа согласност од поглаварите на двете цркви, да се воспостави евхаристиско единство и меѓу сите нивни епископи што ќе биде основа за непречено воспоставување на евхаристиско единство и со епископите од останатите помесни православни цркви.

За признавањето и воспоставувањето на евхаристиското единство, бугарскиот патријарх го известува Вселенскиот патријарх, како и поглаварите на другите помесни православни цркви.

Изразуваме надеж во Господа, дека овие наши предлози и барања ќе бидат прифатени од Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква, за радост на Свети Климент Охридски и за доброто на севкупната црковна полнота“.

Денеска е Свети Ѓеоргиј - за да ги заштитите своите најблиски немојте да го правивте ова

Денеска е голем празик, кој иако не е обележан со црвени букви правславните верници го чествуваат.

На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април.

Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Сввети великомаченик Георгиј се случија големи чуда. 

На овој ден се вели дека ловците не смееат да ловат волци, зошто во спротивно ќе ги прати несреќа и малер во текот на целата година.

Исто така се вели дека не смее да се работат тешки и рачни работи, зошто според народните верувања секој кој ќе го направи ова, ќе го навлече гневот на Свети Ѓеоргиј и несреќа ќе го снајде неговото семејство или неговите најблиски.

ВИДЕО: Чудо во Лесновскиот манастир

Голготата на Лора со среќен крај  ја раскажува нејзината мајка Олга Минова.

Лора била нормално девојче се додека во еден миг не добила преголеми болки и и се згрчиле нозете.

Кога лекарите се откажале од неа, родителите ја однеле во манастирот СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ и Лора после молитвата веднаш оздравела.

Погледнете ја целата приказна..

Популарно