Хорор во Гостивар - Ученик го претепал учителот

Петнаесетгодишен ученик физички нападнал и му нанел повреди на главата на наставник во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во гостиварското село Симница.  

СВР Тетово информира дека случајот го пријавил вработен во училиштетото вчера утрото околу 8 часот.

- Петнаесетгодишен ученик од ова училиште физички го нападнал наставникот Ш.К.(62) од ова село. На нападот му претходела куса вербална расправија поради тоа што ученикот одбивал да влезе во училницата. Малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди на левата страна од главата, односно расекотина и оток на челото, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Вработен во училиштето го спречил малолетникот, а повредениот наставник побарал медицинска помош.

По пријавувањето на случајот, ученикот во присуство на родител е повикан во полициската станица во Гостивар каде е разговарано со него и по целосното расчистување на сите поединости ќе се соочи со соодветен поднесок.

(ВИДЕО) Скандал: Како Санос произведе автобуси со само 3 вработени, Заев промовираше зделка каде постои сомнеж за голем криминал

Зад епската приказна која се продава во јавноста како македонска компанија со само 20 вработени успеала да произведе 5 автобуси за извоз во Казахстан се крие сомнеж за огромен скандал. На промоцијата сопственикот Славе Распашковски и премиерот Зоран Заев истакнаа дека Санос приредува изненадување со производството на автобуси и дека првичната пратка е 5, а ќе следува пратка со нови 70 за Казахстан.

Но, изненадувањето е меур од сапуница. Имено проверивме дека  вработени во компанијата Друштво за производство, трговија и услуги САНОС има само тројца луѓе, од кои еден службеник и две женски лица, едната ангажирана од 2004-та, а другата во 2005-та година.  Упатените укажуваат дека невозможна мисија е со овие тројца да се производи седиште за автобус, а не пак некаков комплетен производ.

Која е најверојатната приказна зад САНОС

За познавачите на ваквите прилики овде постои сомнеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет. Даночните инспекции имаат полни раце работа да утврдат како е можно да се производат 5 автобуси со тројца вработени, дали се купени половни автобуси кои се репарираат како нови и дали постои извоз и дали ќе биде побаран поврат на ДДВ.

Дали САНОС станува втор Кастиљо

Имено, на Македонија и се случи слична афера. Македонецот со мексиканско државјанство, Ангел Кастиљо, сопственик на претпријатието “Неокар”, во 1998 и 1999 година, во неколку наврати зел кредити од СБС Агро банка и како гаранција во владение на банката вложил непостоечки автобуси. Тогаш “банкарите” се обратиле до МВР и поднеле кривична пријава против “Мексиканецот” оти со сигурност знаеле дека фирмата “Неокар” противзаконски продавала автобуси за готови пари. Со злоупотребите и даночното затајување на државата и е причинета штета од околу пет милиони евра. Кастиљо во државава работеше со многу фирми кои им ги отстапи на странски државјани.

Колку работници се потребни за производство на автобуси

Фабриките за производство на автобуси во зависност на производствените линии, автоматизираниот процес и компонентите кои се вградуваат имаат од 200 вработени па до неколку илјади вработени.

Во Македонија е брендот „Ван Хул“. Овој белгиски бренд првите автобуси ги произведе со 430 вработени, а овој број сега е дуплиран.

Фабриката САНОС зјае празна, нема производство

Освен бројка на вработени потребна е инвестиција во машини. Состојбата на САНОС е поприлично лоша. Во 2003/2004 година неа ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници. Оттогаш имаше неколку безуспешни обиди за рестарт на фабриката.

Непотврдени се информациите дека сопственикот наследените машини од Фас 11 октомври ги продал како за старо железо. Од неколку стотина вработени се намалила на само 3.

Последната понуда за продажба на САНОС била во 2005-та година од Волво, но не била постигната согласност поради превисоката цена која ја побарал управникот Распашковски.

Поранешни вработени на фабриката велат дека во дел од производствените хали се сече железото и се продава од страна на газдите. Никој од фабриката Санос не беше достапен да ги коментира овие наводи и информации и да одговори на нашите прашања.

Oва е најубавата вест – Подгответе се за 4 споени викенди

До крајот на годината за сите граѓани на Репунлика Македонија остануваат уште неколку празници од кои дури три се паѓаат во понеделник или петок и тоа значи продолжен викенд за сите граѓани на Македонија.

Сепак за граѓаните од православна вероисповед и празникот Успесение на Пресвета Богородица исто така е споен викенд, а со тоа на нив до крајот на годината им остануваат четири споени викенди.

За сите граѓани на Република Македонија 

2 Август (среда), Ден на Републиката

8 Септември (петок), Ден на независноста

11 Октомври (среда), Ден на народното востание

23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (среда), Празникот на сите светци

25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик

Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

Бесплатно летување за 35.000 најниско платени работници

Премиерот Зоран Заев денеска од Штип најави нова мерка на владата: бесплатно летување за 35.000 најниско платени работници.

-Оваа мерка ќе опфати околу 35.000 работници и дополнително ќе се овозможи продолжување на сезоните во туристичките капацитети ширум Македонија. Верувам дека на тој начин ќе го помогнеме и туристичкиот бизнис, ја објасни Заев оваа мерка.

Тој порача дека за Владата грижата за стандардот на работниците е еден од приоритетите и побара солидарност од сите засегнати страни и уште еднаш ја изрази подготвеноста на државата силно да ги подржи домашните претпријатија во нивниот развој.

Популарно