Тајни преговори Груевски - Заев: Предвремени избори на...?

Со денови на некои портли се пишува за тајните средби помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев како и претставниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Никој не ја потврди но не ја ниту демантираше оваа вест.

Вчера се појави вест од анонимен извор кој вели дека тајните преговори помеѓу овие две политички партии вродиле со плод. Непроверените информации говорат дека Заев прифатил да оди на предвремени парламентарни заедно со локални избори на 26-ти Октомври оваа година, но под услов доколку ВМРО-ДПМНЕ победи и на овие избори тој и неговите соработници да имаат загарантирана аболиција и да не одговараат пред законот.

Како што брифира изворот ова го прифатил Груевски .

Останува отворено прашањето дали тајните преговори продолжуваат и во иднина.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно