Можете да забремените и без да имате секс? ДА!

Иако мала е веројатноста да дојде до бременост без вагинален секс, експертите велат дека сепак постојат шанси за тоа. "Иако има премногу митови за веројатноста да се остане бремена во најразлични сценарија, многу е важно да се зборува за реалните ситуации во кои ова сепак може да се случи", вели докторката. 

Прво, важно е да се споменат некои од карактеристиките на спермата. Во само еден милилитар сперма можат да се најдат 20 милиони сперматозоиди, а ако се земе во предвид дека просечниот маж ејакуира 3.5 милилитри сперма одеднаш за време на сексуален однос тогаш зборуваме за навистина голем број на сперматозоиди. "Треба да се има на ум дека и капка сперма може да предизвика бременост само ако стигне до вагината", истакнува Минкин. 

Треба да се напомене дека спермата може да прживее надвор од телото, а колку долго зависи од тоа каде се наоѓа. Колку што е местото потопло и повлажно, долго ќе преживее. "Спермата може да живее и во внатрешноста на вагиналниот канал до пет дена", вели Минкин, која ги наброи и начините на кои спермата може да стигне до вагината и потенцијално да предизвика бременост. 

1. Ако мажот ејакулира врз или во близина на вагината за време на таканаречениот "сув" секс, орален секс или друг вид на сексуална активност. "Ако мажот ејакулира доволно блиску до вулвата, можно е спермата да стигне до вагината", вели Минкин.

2. Ако ви остане остаток од спермата на прстите или на секс играчките кои потоа се најдат во вагината. "Ако сперматозоидите се се уште живи кога ќе стигнат до вагината, можат да влезат во вагиналниот канал и да пливаат до јајце-клетката. Исто е сценариото и со секс играчките", вели докторката.

3. Ако мажот ејакулира во анусот за време на незаштитен анален секс, спермата може да истече надвор и да влезе во вагината. 

Иако е многу веројатно дека жената нема да забремени од анален секс, технички возможно е ако спермата истече и стигне до вулвата. 

Заклучокот е едноставен: Колку што се наоѓа спермата поблиску спермата до вулвата, во билокоја ситуација, има веројатност дека ќе влезе во вагината и предизвика бременост. Некои жени забременуваат во вакви ситуации, иако статистички веројатноста е многу мала.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно