Србинка силувана од 300 НАТО војници, 20.000 православни жени злоупотребувани

Воениот полковник Славко Никиќ, поранешен српски известувач и активен учесник во војната на Космет, ги потврди приказните за киднапираните, силуваните и многу често продадените жени во бело робје.

Киднапирањето на жените кои се продадени преку трговија со луѓе или се користат во секс- индустријата, се само една од низата трагедии која му се случи на српскиот народ во Космет.

Според податоците од хуманитарните организации, се проценува дека за време на војната во Косово, силувани биле околу 20.000 жени.

Прв јавен доказ за киднапирање на жени за користење во секс- индустријата, е пронајден во март 2001 година, со случајот на Ела Милутиновиќ, 20- годишна ученичка од белградската медицинска школа, која била киднапирана во 2000 година. Таа била претворена се секс робинка, која бтаа година била силувана од 300 НАТО војници. Во 2001 година таа успеала да избега и се обратила кај органите на правдата. Случајот завршил со казнување на четворица помали престапници.

Случаеви како Ела има многу, но имињата на тие жени, поради нивна безбедност не се објавени. Во Приштина и ден денес постои објект кој Кфор го штити, а во кој се случувале силувања, односно принудна проституција на православните девојки, но многу почесто и продавање на жените во бело робје.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно