Киднапираната Медлин после 10 години е пронајдена во Африка?!

Англиското девојче Маделин Мекан кое на 3 мај 2007 година, исчезна во Португалија, најверојатно е грабнато од шверцери на луге и продадено на некое имотно семејство, некаде во Африка, пишуваат лондонските таблоиди, повикувајќи се на изјави на британски полициски експерти.

Поранешниот полициски инспектор во Скотланд Јард, Колин Сатон смета дека девојчето било киднапирано од трговци на луѓе и робови, за да им се даде за пари на бездетно семејство, откако претходно било илегално префрлено со некои од фериботите што пловат меѓу Португалија и африканското копно.

Ваквата верзија со која овој експерт се обидува да ја објасни десетгодишната мистерија за малечката Англичанка, ја прифака и португалската полиција, која во паралелна истрага со Скотланд Јард, се уште трага по Маделин Мекан.

Претставник на португалската агенција за исчезнати деца изјавил за лондонски „Дејли Мирор„ дека е многу веројатно оти девојчето е грабнато и првично држено во некоја од пештерите, во областа Алгарве, на португалскиот југ, пред да биде понатаму прошверцувано.

Малечката Мекан имаше неполни три години, кога со своите родители, обајцата лекари од Лестер во Англија и со незнините помлади брат и сестра- близнаци, престојуваше на одмор во летувалиштето Праја до Луж.

Исчезна од собата на хотелскиот апартман, додека родителите биле на вечера со свои пријатели во еден ресторан блиску од хотелот. Нејзините брат и сестра кои спиеле со неа во собата, биле во своите кревети и кога нивните родители утврдиле дека ја нема Маделин.

Потрагата на полицијата не најде никакви траги на насилство, ниту траги дека било кој бил во апартманот.Во еден момент, полицијата ги осомничи и родителите за ненамерно убиство на своето дете, но во август 2008 година, се откажа од натамошно трагање.

Целиот случај повторно беше покренат во 2014 година, кога Португалците осомничија еден поранешен провалник кој во времето на исчезнувањето на Маделин работел во хотелот. Човекот кој бил имигрант од поранешната португалска колонија Кап Верде, во меѓувреме загинал во сообраќајна несреќа, но остана единствениот осомничен.

Заменик директорот на португалската државна судска полиција Педро до Кармо, изјавил за лондонскиот весник, дека „ваков случај, исполнет со мистерии, немало досега„ во домашната полициска и судска пракса

Тој потврди дека полициската единица од Порто, на северот од Португалија, во одвоена но паралелна истрага со Скотланд Јард, продолжува да работи на разрешување на мистеријата со девојчето.

-Работата ќе ја заклучиме тогаш кога ќе се најдеме во ситуација дека повеќе ништо не можеме да направиме, а сега се уште не сме во таква ситуација- рекол Кармо. Тој сепак, признава дека како поминува времето, слабеат надежите дека ќе се најде Маделин Мекан, која ако е жива , сега треба да има 13 години.

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен.

Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени, но не било употребено огнено оружје во нападот, пренесува CBN News Chicago.

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад човек.

Шефот на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека загинале вкупно четири лица, додека еден од нив е тешко повреден. Четири лица се префрлени во болници, каде нивната состојба е стабилизирана.

Повиците до полицијата и итните служби дошле од повеќе страни додека нападот траел приближно 20 минути, а екипите набрзо биле на терен. Од полицијата истакнаа дека засега не е јасна причината за нападот.

Тинејџер во Германија ги заклал родителите и братот, од смрт ја поштедил сестра си

Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко си ја повредил сестрата во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг. 19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер била пренесена во блиската болница. Таа наводно се здобила со сериозни убодни рани, но нејзиниот живот не е во опасност.

Инцидентот се случил вчера вечерта, соопштија од полицијата и од државното правобранителство. Осомничениот е уапсен. Според полициското соопштение, целото семејство живеело во куќата во која се случил масакрот. Убиецот има германско и италијанско државјанство. Мотивот за нападот се уште е нејасен.

Според информациите од државното правобранителство, 19-годишникот се товари за тројно убиство без умисла и обид за убиство, а во текот на денот треба да биде изведен пред судија кој треба да одреди мерка притвор.

Во истата област, пред два месеци, 32-годишен син ги убил своите родители, а на крајот и себеси

Ни трага, ни глас од 100 лица по масакрот од Москва

Деведесет и пет лица се уште се водат како исчезнати по минатонеделниот терористички напад во Москва, јавија денеска руските медиуми.

Официјалниот биланс на загинати во нападот во Crocus City Hall сега е 140 мртви и 182 ранети.

Порталот База, кој има добри врски со руските безбедносни служби, објави дека на списокот се појавиле уште 95 лица кои нивните семејства ги пријавиле за исчезнати.

Руските истражители велат дека акцијата ја извршиле четворица напаѓачи со калашникови. Пукањето започна непосредно пред рок групата „Пикник“ да настапи пред 6.200 гледачи.

Оттогаш руските социјални мрежи се преплавени со повици за помош во пронаоѓањето на исчезнатите.

Собрани во чат на Телеграм, пријателите и семејствата ги споделуваат имињата на луѓето кои сè уште се бараат и нудат поддршка еден на друг.

Популарно