Интернет љубовна бајка: Кога ти е судено!

Ема Перијер (35) поминала многу време на работа и често не излегувала па немала каде да запознае луѓе. На крајот од 2015 година се придружила на страната „Зооск“. набрзо откако го отворила налогот пронашла интересен маж кој покрај тоа и бил многу згоден. Висок, црн и убав, по име Роналдо, набрзо тој и се јавил и станал нејзина главна преокупација. 

На почетокот не пронашле заеднички јазик, но подоцна се зближиле. На Роналдо му се допаѓала Еми, повремено и праќал фотографии и така го одржувале односот., но по година дена допишување, жената која работи во ресторанот во Лондон, станала сомнителна. 

Се обидувала да договори состанок и да го запознае својот „ Ромео“, но тој секоја средба вешто ја одбегнувал. Како што тоа се случувало повеќе пати, со помош на приватен детектив  одлучила да го истражи своето „ момче“. Се воспоставило дека Роналдо е Ален Стенели - 55-годишен работник.

Ема била бесна бидејќи толку време ја лажел, а кога го прашала зошти тоа го направил, одговорил дека му било „досадно и дека е осамен“. 

- Беше моничаво. Одеднаш тоа повеќе не беше симпатичното момче од сликите, туку некој потполно друг тип кој ми откри мрачна тајна, рекла Ема

Меѓутоа, таа не сакала да се откаже, одлулила да го пронајде момчето од фотографиите кој Ален и ги праќал и не ни насетувала дека ќе успее во тоа. 

Беше тоа лице на 35-годишнен модел од Турција Адам Гузел и тоа до некаде и ја олеснала потрагата. Во септември Ема му испратила проака во која напишала што и се случило и како стариот маж ги користил неговите фотографии. 

- Се тресев додека му ја пишував пораката. Не можев да бидам сигурна  дали е тој човекот од фотографиите, ниту бев сигурна дека тоа е добра идеја да му се јавам и да го известам за кражбата на идентитетот, раскажала девојката. 

Нивната комуникација не престанала, Адам и пишувал за своите деловни планови, и Ема проверувала дали се работи за реалниот човек. 

Кога нивниот однос станал се посериозен, сепак во морала да се увери. По три месеци допшување преминале на видеоповици, а неодамна Адам се преселил во Лондон па ја посетил Ема. Сепак на Ема и било страв кога тој доаѓал во Лондо и како нивната средба би изгледала. 

- Кога слета, јас го чекав на аеродромот. Тој веднаш се насмеа, а јас му скокнав во прегратка и заплакав, додала Ема.

Таа се надева дека нејзиниот пример ќе послужи на останатите да бидат вниамтелни при запзнавањето на Интернет, иако енјзиниот случај не бил бајка, но за сега има среќен крај. Парот живее во преградието на Лондон, Адам работи како модел, а Ема и понатаму во ресторанот. 

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно