Албанец од Скопје открива: Додека вие ја пеете химната на Албанија јас заминав од државава

Вчерашните случувања беа причина до редакцијата на Скопј Инфо да се обрати З.И. албанец од Скопје која сака својата животна приказна да ја сподели со македонската јавност. Открива дека лошата политика на албанските партии била главна причина да замине засекогаш од Македонија.

Имам 25 години и по професија сум дипломиран економист. Одлично зборувам македонски и можам гордо да кажам дека завршив финансиски менаџмент на државниот факултет во Скопје, а не во Мала Речици. Јас сум интелектуалец кој што сака да работи и да има кариера во оваа земја исто како сите други Македонци, вели на почетокот на разговорот.

Не е ми важно дали ќе работам во банка каде што ќе се говори албански или македонски, мене ми е најважно да земам редовна плата затоа што многу години сум се посветил на образование. Имам инвестирано многу пари во моето образование и верувајте воопшто не ми е важно дали ќе работам во Чаир или во Центар.

„Имам многу другари и пријатели македонци или подобро кажано имав. Сега веќе не. Политичките случувања во државава ми ги нарушија односите со сите пријатели македонци. Што ќе ми т.н. албанска платформа? Таа нема да ми даде ниту леб, ниту плата, а нема ниту да ми ги замени пријателите - македонци. Во државата во која живеев мене не ми е премиер некој си албански политичар па тој да создава документи во кој што ќе ја креира мојата иднина. Не, фала му. Мене таква иднина не ми треба“, емотивно додава тој.

Тој потенцира дека неговата земја е Република Македонија и како сите други македонци и жители на оваа земја сака тоа да остане така.

„За време на студиите преку студентски размени шетав насекаде. Секаде гордо кажував дека сум Македонец од Република Македонија и храбро ги бранев ставовите и политиката на мојата земја. Ги убедував дека македонците се добар народ кој заслужува нови шанси и интеграција во Европската унија.  Знам дека се чудите и мислете дека ве лажам, но веувајте јас не се чувствувам како албанец во Македонија, туку јас сум човек што единствено има поинаква вероипсевест од другите граѓани и затоа повторно кажувам, јас сум граѓанин на Република Македонија. Имам пријатели од Србија, Косово, Бугарија. И како да им објаснам сега на тие од Србија дека мојата земја сака да ги обвини за некој си наводен геноцид кој што се случил и со тоа да ја смениме историјата на нашата и нивната држава? – се запрашува тој.

„Згрозен сум од тоа што го гледам и слушам во парламент. На младите и образувани албанци им треба иднина во Македонија, им треба интеграција и плата. Интонирањето на албанската химна во Македонија нема да го реши социјалниот проблем на албанците во Македонија. Исто и раскрваните глави. Напротив, уште повеќе ќе го продлабочи јазот помеѓу мене и моите пријатели македонци...ако сеуште има некоја доверба помеѓу „нас“ и „вас““

Жал ми е драги политичари албанци. Но, јас морам да ви кажам дека немам веќе да чекам вие да се натпрварувате кој е поголем националист и кој повеќе ја сака земјата во која што ниту живее, ниту е роден, а можеби никогаш не ја посетил. Јас никогаш не сум бил во Албанија, но сега заминувам во Европа. Таму каде што ќе го ценат моето знаење и ќе имам нормални услови за живеење.

А, вие и понатаму продолжете да ја упропастувате Македонија на ваков начин. Каде и да одам ќе кажувам за овој срам и за вашата неодговорност кон сопствената земја и ќе помогнат на секој мој пријател кој засекогаш сака да ја напушти оваа земја.

Вие засекогаш ми ја земавте мојата младост. Нека ви служи на чест.

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина, кај нас 55,7 проценти

Над половина од возрасните граѓани во земјава имаат прекумерна тежина, а „подебели“ во регионот се само Хрватите, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина односно Индекс на телесна маса (БМИ) еднаков или поголем од 25. Најголем процент на возрасни луѓе со прекумерна тежина имаат Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%), додека најмал Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%) и Франција (46,4%). Кај нас 55,7 проценти од возрасното население има прекумерна тежина.

Земјите со висока стапка на дебелина, пишува Ландгеист, исто така, имаат и високи стапки на луѓе со прекумерна тежина. Малта е втора земја со најголема дебелина во Европа и исто така земја со најмногу килограми во Европа. Швајцарија е земја со најмалку дебелина во Европа, но и втора земја со најмалку прекумерна тежина во Европа. Но, и неколку земји како Естонија, Финска, Исланд, Северна Македонија, Романија, Словачка и Словенија кои имаат релативно ниски стапки на дебелина, но имаат некои од највисоките проценти на луѓе со прекумерна тежина во Европа.

Од земјите во регионот само Црна Гора (48,1%) има помалку од половина од населението со прекумерна тежина, додека најголема стапка на возрасни со прекумерна тежина има Хрватска – (58,1%). Потоа следат Словенија (55,7%), Грција (54,9%), Бугарија (53,7%) и Србија (52,5%).

Најшокантен факт е веројатно дека во речиси секоја земја во Европа, повеќе од половина од сите возрасни луѓе се со прекумерна тежина. Во Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%) е дури над 60%. Единствените европски земји каде помалку од 50% од населението е со прекумерна тежина се Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%), Франција (46,4%), Кипар (47,9%), Црна Гора (48,1%), Холандија (48,3%) ), Белгија (48,9%) и Луксембург (49,7%). Но, да бидеме искрени, дури и резултатот на Италија од 41,9% е шокантно висок.

Индексот на телесна маса (БМИ), според Евростат, од каде се земени и податоците, се дефинира како тежина во килограми поделена со квадратот на висината во метри. Луѓето на возраст од 18 години или повеќе се сметаат дека имаат недоволна тежина со (БМИ помал од 18,5), нормална тежина (БМИ помеѓу 18,5 и помалку од 25) и пред-дебела (БМИ помеѓу 25 и помалку од 30). Категоријата прекумерна тежина (БМИ еднаков или поголем од 25) ги комбинира двете категории пред-дебели и дебели.

Вознемирувачко видео: Куче фрлено од зграда во Тетово

На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како куче паѓа од балкон на зграда, од голема висина.

-Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица “Благоја Тоска” во Тетово,, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало. Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари. Се расчистува и документира случајот, велат од МВР.

На видеото може да се чуе плач на кучето пред да падне од голема висина, а од зградата се слушаат гласови.

Поднесено обвинение против Тони Цетински: Пејачот може да биде казнет со 8 години затвор

Специјалното обвинителство на Хрватска за сузбивање на корупција и организиран криминал поднесе обвинение против Тони Цетински откако беше утврдено дека користел лажен сертификат за вакцинација против коронавирусот, објави веб-страницата Империјал.

Како што дознава споменатиот медиум, на 28 декември 2023 година, заменик-обвинителот Вјекослав Шаулиќ до Жупанискиот суд во Загреб испратил обвинение против 18 лица, меѓу кои и познатиот пејач.

Тони Цетински е обвинет дека платил за да добие лажни потврди за вакцинација против Ковид.

Обвинетите се товарат дека дале пари, така што медицинската сестра, која тогаш работела во Здравствениот дом Загреб и била овластена да пристапува и да внесува податоци во информацискиот систем на Министерството за здравство, лажно ја внесувала информацијата, дека обвинетите биле вакцинирани.

– Кој нуди поткуп на службено или одговорно лице за да изврши службено или друго дејствие што не треба да го изврши во или надвор од границите на неговите овластувања ќе се казни со затворска казна од една до осум години – се наведува во дописот.

Популарно