СМАРТФОНОТ ГИ ЧУВА СИТЕ ПОДАТОЦИ - Нема начин како да ги избришете податоците?!

Според најновата студија на чешката компанија „Аваст“, обичното бришење на фотографиите пред продажба на мобилниот телефон не е доволно за да се уништат податоците. Oбично стариот мобилен телефон откако ќе се продаде се користи од друго лице, постои опасност провокативни фотографии или доверливи податоци да бидат достапни и на други лица.

Компанијата тврди дека бришењето на меморијата и рестартирањето на мобилните апарати, особено оние постарите, не се секогаш доволни.

– Доколку не сакате вашите податоци да ги обнови било кој, уништете го вашиот мобилен телефон. Тоа е стандардна безбедносна процедура, која со години се користи во компјутерската и телекомуникациската област, вели за Би-Би-Си, Алан Калдер, основач на компанија која се занимава со виртуелна безбедност и решавање на таквите проблеми.

Според експертите, процесот на бришење се состои во тоа што оперативниот систем само го означува како празен, делот на складиштето каде се наоѓале податоците, но реално се уште се наоѓаат на дискот. Тие сосема ќе се избришат кога врз нив ќе се снимат нови податоци и ќе се опфати целата меморија.

Откако „Аваст“ откупил 20 случајно избрани стари мобилни телефони и покрај тоа што биле фабрички ресетирани и со комплетно избришана меморија, било пронајдено големо количество на стари податоци.

Во рамки на истражувањето, техничарите успеале да обноват 40.000 фотографии од кои 1.500 биле семејни, 750 на жени без облека на себе, а 250 на голи мажи.

Телефоните исто така содржеле над 1.000 разни фрази пребарувани на „Гугл“, 750 електронски писма, 250 телефонски броеви со имиња и презимиња, четири идентитети на претходните сопственици и дури еден финансиски договор.

Резултатите на истражувањето ги негираат од „Гугл“ тврдејќи дека токму нивниот оперативен систем Андроид има безбедностни мерки кои со сигурност ги бришат податоците од меморијата.

Извор: Република

Како никој да не знае дека сте ја прочитале пораката на Фејсбук месинџер?

На секого му се случило да не отвори порака на Фејсбук само за тој што ви ја пишал да не забележи дека сте ја прочитале. За среќа, постои решение и за овој „проблем“.

Програмерите создадоа додаток за Chrome кој се нарекува „Facebook Unseen“ и кој можете да го преземите и да го решите проблемот во само неколку чекори.

1. Преземете го додатокот „Facebook Unseen“.

2. Вклучете го.

3. Наместете ја опцијата онака како што ви одговара.

После ова можете слободно да ги читате пораките без чувство на непријатност што не сте одговориле истиот момент.

Како да го ставите Скопје во вашиот џеб?

На почеток на Декември излезе вториот број на In your pocket за Скопје со дел за Планинскиот туризам во Македонија. Водичот се испечати во 20.000 примероци и се дистрибуираше на повеќе од 150 локации во градот. Покрај принт, In Your Pocket во својата палета содржи промоција и преку мобилна апликација и web https://www.inyourpocket.com/skopje

In Your Pocket брендот како најголем градски водич во Европа постои 25 години и во моментов во семејството на In your pocket се вклучени 32 земји во светот со преку 250 водичи за различни градови ширум светот.

Водичот Скопје In your pocket има огромно значење за развојот на Туризмот во Македонија, бидејќи ги информира потенцијалните и туристите кои престојуваат во државата за сместувачките капацитети, ресторани, барови, винарии а во исто време информира и за бројните природни убавини, културно историски споменици, музеи и атракции во нашата земја кои се вредни да се посетат.

Нов вирус на ФЕЈСБУК: Ви го инфицира компјутерот и ви го краде профилот!

Истражувачите од безбедносната компанија „Тренд Микро“ ги предупредуваат корисниците на новите ботови за вадење криптовалути, кои се шират преку „Фејсбук Месинџер“ и цел им се корисниците на „Гугл Хром“, да го искористат бранот на неодамнешните цени на криптовалутите. 

Наречен „Дигмајн“, „Монеро“ бото за вадење криптовалути се крие зад видео без вграден систем, под името „video_xxxx.zip“, но всушност содржи „AutoIt“, извршно сценарио. Ако се кликне, компјутерот се инфицира и ги симнува неговите содржини. 

„Дигмајн“ примарно го инсталира „miner.exe“ – модифицирана верзија на „Монеро“, познат како „XMRig“. Исто така, инсталира и механизам со автоматски старт и го покренува „Хром“ со заразени екстензии, кои дозволуваат хакерите да имаат пристап до профилот на „Фејсбук“ на жртвата и да ги шират вирусите кај неговите пријатели преку „Месинџер“. 

Екстензијата ја чита сопствената конфигурација од „ C&C“ серверот. Дава инструкции на екстензијата или да продолжи со логирање на „Фејсбук“ или да отвори лажна страница каде што ќе се пушти видео – страница која е претставена како место за видеостриминг, а всушност содржи конфигурации од инфицираните компоненти“. Сепак, корисниците што ќе го отворат инфицираното видео преку апликацијата „Месинџер“ на своите мобилни телефони не се заразени. 

„Дигмајн“ првпат е забележан како инфицира корисници во Јужна Кореја и потоа ги проширува своите активности во Виетнам, Азербејџан, Украина, Филипини, Тајланд и Венецуела. Но, со оглед на тоа дека „Месинџер“ се користи во целиот свет, има големи шанси овој бот да се рашири глобално. 

Од „Фејсбук“ истакнале дека повеќето од заразените содржини од веб-страницата се отстранети. 

Популарно