ГЕРМАНИЈА БАРА НОВИ РАБОТНИЦИ - Еве кои професии се бараат

За дури 64% од професиите, најмногу се бара завршено занаетчиско училиште, а за 13% да се има завршено факултет, додека за 20% не е потребно училиште.

Според податоците  на тамошниот институт за истражување на пазарот на труд, ова е историски рекорд, Германија никогаш порано немала толкава побарувачка за работници.

Германските медиуми наведуваат дека објавените податоци за побарувачката на работници се ветер и магла. Откриената бројка меѓу другото, открива и друга страна на „политиката со отворени врати“, која Ангела Меркел ја спроведува кон мигрантите од Блискиот исток и северна Африка, кои исто така пополниле одредени работни места.

Најбарани професии се:

- информатичарфи

- математичари

- електротехничари

- заварувачи

- електричари

- ортопеди

- негуватели

Од Нова Година ќе можете да работите во Германија со македонски пасош

Од 1.1.2018 стартува нов закон за вработување според кој сите кои не се граѓани на ЕУ ќе можат да се вработат под исти услови како и граѓаните на ЕУ, што важи за граѓаните со српски, босански и македонски пасоши, без оглед за која работа сакаат да аплицираат. 

Тоа значи дека сите кои ќе пронајдат работодавач ќе можат да се вработат како и ЕУ граѓаните, без притоа да мораат да одат во амбасада и да бараат работна виза.

Пронаоѓањето на сигурна работа ќе биде како и досега, преку агенција. Во моментов во Германија можат да се вработат само граѓаните со ЕУ паосш.

Оваа информација засега кружи по социјалните мрежи, но се уште не ја потврдила ниту една официјална институција.

Проверете дали имате долг кон УЈП

Управата за јавни приходи објави нова листа на должници бр. 10/2017 за долговите доспеани до 30.06.2017 и неплатени до 30.09.2017 година и неплатени до 30.09.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот долг е повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правни лица.

На листата има над 4.200 должници меѓу кои има и државни компании, но и звучни имиња на познати македонски бизнисмени и приватни компании.

Целата листа на УЈП може да ја видите ТУКА.

Колку пари ќе добие секој вработен оваа година?

Право на регрес или к-15 имаат сите работници во приватниот сектор кои работеле кај истиот работодавач најмалку шест месеци во календарската година.

Според иницијалните пресметки кои се темелат на просечната нето и бруто плата во Македонија, износот на к-15 за оваа година би требало да се движи од 9 до 13 и пол илјади денари што ќе значи благо покачување во однос на минатата година каде што минималниот износ не надмина 9 илјади денари.

Рокот кој го имаат работодавачите за да го исплатат овогодинешниот надоместок за к-15 истекува на 31 декември, а голем дел од компанииите од приватниот сектор ќе чекаат “пет до дванаесет“ за да ги израдуваат своите работници.

Меѓутоа, не е мал и бројот на компаниите кои минатата година не го чекаа декември за да ја извршат оваа исплата, односно оваа законска обврска ја завршија во октомври и ноември или порано. Годинава, таков пример беше компанијата Витаминка која што дури во јули исплати износ од 10.000 денари на основ к-15 на своите 570 работници.

Останува да видиме кои компании ќе исплатат к-15 порано, односно во месец октомври.

Популарно