Не е само Бугарија - и овие земји од ЕУ ги продаваат своите пасоши

Уште во 2014 година, европскиот парламент  изгласа необврзувачка резолуција по која европскиот пасош никогаш не би требало да стане стока со која се тргува.

Лимасол на јужниот брег на Кипар е регион кој финансиски цвета и е место за средба на голем број екстремно богати Руси кои добиле европски пасош. Во Кипар како членка на ЕУ на многу софистициран начин се маскираат парите кои се слеваат таму. Од 2013 на странците им е овозможено за шест месеци да добијат пасош од одржавата ако инвестираат 2 милинони недвижнини таму, или 2,5 милиони евра вложени во државни обврзници или компании.

Од тогаш Кипар има издадено 2000 пасоши на странци, од кои половина на Руси, со кои може да се патува без визи во 147 земји, вклучително Велика Британија и Јапонија.

Брисел е загрижен заради оваа појава, особено затоа што овие луѓе пристапуваат кон ЕУ на нефер начин. Една од причините поради кои Русите купуваат кипарски пасоши е плаќањето на мали даноци.

Руските пари на Кипар се предмет на истрага за наводните врски со администрацијата на Доналд Трамп и Русија. Имено, поранешниот шеф на кампањата на Трамп, Пол Манафорт користел кипарски банкарски сметки за примање пари од рускиот тајкун Олег Дерипски и други украински клиенти.

Малта за своето државјанство бара 650.000 евра плус вложување во недвижнини од најмалку 350.000 евра и додатни 150.000 вложувања во државни обврзници. Во првите 6 месеци од 2015 година Малта добила 200 нови државјани. Во Португалија процесот на купување државјанство е значително покомплициран. Со половина милион евра вложувања во недвижнини, 6 години престој и течно говорење на португалскиот јазик може да се стане државјанин.

По 3.600 евра казна за тројца луѓе кои не помогнале на онесвестен пензионер

Бидејќи не сакале да му помогнат на еден пензионер кој се онесвестил во банка и лежел на подот, три лица ќе платат казна, пресуди судот во Германија. 

Казна од 3.600 евра е изречена на 39-годишна жена и на двајца мажи на возраст од 55 и 61 година.

83-годишниот пензионер се онесвестил и удрил со главата во подот, и така онесвестен лежел пред банкомат во една банка во Есен, во западна Германија.

Луѓето што се нашле во банката го заобиколувале човекот, а некои дури и го прескокнувале.

Двајцата обвинети изјавиле на судењето дека мислеле дека старецот е бездомник и дека заспал.

Пензионерот лежел на подот во банката 7 минути, односно сè додека еден од клиентите не повикал брза помош, која пристигнала после 20 минути и го однела  во болница, каде починал.

Лекарите тврделе дека тој би починал и доколку веднаш добиел прва помош.

Исплива најголемиот скандал на кралското семејство-кралицата ова нема да му го прости на принцот Чарлс!

Тој е висок со темна коса и неверојтано личи на принцот Вилијам, но неговиот наводен полубрат е се, само не дел од кралското семејство. Роден е и израснал во Канада, во светот со милји далеку од кралскиот живот во Бакингамската палата. Станува збор за Џејсон Џенкинс, 34 годишник кој е роден 9 месеци откако неговата мајка, поранешна канадска поручничка Џенет, за време на незаштитен секс, затруднела со принцот Чарлс во Хајгроув, за време на неговиот брак со Дајана.

-Бев љубовница на Чарлс полни 16 години-открила Џенет за американското списание Д глоб. Објаснува како тоа била романса на далечина, а кога би се виделе се се сведувало на секс.

Џенет која денска има 70 години живее во Торонто и наводно не сака ни да признае ни да демантира дека принцот Чарлс е татко на нејзиниот син Џејсон, велејќи дека тоа не е нејзина работа, но палатата секако ја увидела опасност во целата работа и се труди со години скандалот да го држи во тајност.

Близок пријател на Џенет открил дека целата работа нема да биде решена додека Чарлс не се согласи на тест за татковство, но за се доволно зборува фактот дека синот на Џенет е плукната копија на принцот Вилијам, па секој кој го видел заклучил дека се браќа.

Се чини дека принцот Чарлс не ја признава целата приказна и обвинува дека станува збор за подметнување, додека неговата жена и долгогодишна љубовница Камила сака да направи ДНК тест како еднаш засекогаш би се разрешил сомнежот и тврдењето дека тој има вонбрачно дете.

(ВИДЕО) Снимил три ајкули на улиците на Мајами по ураганот

Една од снимките кои биле направени за време на случувањата во САД кои настапија по ураганот во овој дел од планетата предизвика огромно внимание на медиумите во последните недела дена. Но, дојде време повеќе да не им дозволуваме на социјалните мрежи да ни ја кројат вистината затоа што вистината за снимката со „трите ајкули среде Мајами“ е сосема поинаква.

На снимката се гледаат три објекти кои со своите врвови потсетуваат на перки на ајкула, што дополнително изгледа застрашувачки затоа што видеото е снимено во моментите на најголемиот потоп по ураганот Ирма.

Корисниците на социјалните мрежи поведоа голема дискусија за тоа дали воопшто е можно овие ѕверови да се најдат на улиците во Мајами и дали снимката е автентична.

Некои тврдат дека ова е вистина и дека изгледа реално, дури правеа споредба со ситуацијата во Бризбејн каде што ајкулите целосно биле дислоцирани кај теренот за голф и продолжиле таму да живеат. Другите изнесоа и несоборлив факт дека ајкулите инаку не пливаат заедно, но, се разбира, се појавиле и такви кои исклучокот го објаснија како последица на природна катастрофа.

На страницата ФЕМА постои список на шпекулации за ураганот Ирма, но оваа приказна за ајкулите не е меѓу нив. Едноставно, сценариото „шаркнадо” (торнадо-ајкула) не е можно во оваа ситауција. Инаку, „Шаркнадо“ или (торнадо-ајкула) е бизарен филм во кој е претставен брегот на САД погоден од разорно торнадо кое доаѓа од океанот, а со себе носи сè што му доаѓа на патот, вклучувајќи и ајкули, кои паѓаат по градовите и јадат луѓе!

Експертите јасно соопштија дека рибите се чувствителни на промена на воздушниот притисок во текот на бурата и дека по правило одат во поголемата длабочина за да бидат безбедни.

„Кај повеќето животни ќе проработи природниот инстикт и тие ќе си заминат“, изјави директорот на Лабораторијата за ајкули на калифорнискиот државен универзитет.

Погледнете го видеото:

Популарно