ОГЛАС за работа: 10 слободни места во ЕВН - не ви треба факултетска диплома

EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени. 

10 ЕЛЕКТРОМОНТЕРИ (М/Ж) на територијата на Р. Македонија

Опис на работните задачи

Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа

Отчитување на податоци од броила

Контрола на приклучоци и мерни места

Замена на броила на корисници

Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација

Помош при отстранување дефекти

Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и мерни уреди 

Потребни квалификации и лични карактеристики

IV степен електротехничко образование – енергетика

Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност

Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност

Возачка дозвола,

Одговорност, лојалност, тимска работа

Комуникативност, флексибилност

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [email protected] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 20.05.2017.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)

 Активен до: 20.05.2017

Доаѓа нова валута која ќе ги засени еврото и доларот

Претседателот на Казакстан, Нурсултан Назарбаев предложи создавање на светска криптовалута како би се избегнале валутнит војни.

“Дојде време да се разгледа прашањето за воведување на меѓународна валута. Тоа ќе овозможи светот да се спаси од валутните војни, шпекулации, да се избегнат несогласувањата во трговските односи, намалување на нестабилноста на пазарот, изjави Назарбаев, пишува “Economist”.

Според него, оваа валута треба да се базира на едноставен механизам на емисија која ќе ја контролираат само нејзините потрошувачи.

“Имајки ја предвид дигитализацијата, развојот на нови технологии како што е блокчејн, може да се креира таква платна единица која ќе биде криптовалута. Важно е таа да не се базира на апстрактна доверба, туку за неа да се обезбеди конкретен имот, наведе Назарбаев”.
 

Банкнотите од 10 и од 50 денари ќе бидат изработени од пластика

Народната банка го најави почетокот на пластичните банкноти со објавата на оглас за доделување на договор за јавна набавка на книжни пари изработени од полимер.

Пластични банкноти ќе бидат банкнотите од 10 и 50 денари а според барањето за понуда на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 127.000.000 денари.

Критериум за добивање на договорот е најниска цена. Договорот е во времетраење од една година.

Доколку се оди според планираното, од НБРМ велат дека овие пластични банкноти ќе се пуштат во оптек до крајот на годинава.

ОДЛИЧНА ВЕСТ - Од полноќ значително поевтинување на бензинот и дизелот

Бензините од вечерва на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горвата се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,52, односно 4,17 отсто.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 64,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 48, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 36,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,176 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,206 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 6,85 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,94 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Популарно