Најава за силен земјотрес во Македонија ?!

 Првична изјава за јачина од 3,7 степени, но подоцна од Сеизмолошката опсерваторија објавија дека бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е шестиот по ред земјотрес во последните два дена.

Според Михаил Гаревски, првиот човек на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија(ИЗИИС) не може да се знае што понатаму ќе следи, дали ќе се смири земјиното тло или пак ќе има уште неколку нови потреси.

“Слушнав дека имало потреси во Охрид. И ова е најсилен  потрес до сега во овој регион. Но, јас не сум во земјава, потенцирам, не сум тука за да можам да видам што се случува и да кажам што би можеле да очекуваме. Ова е сигурно сега е некоја релаксација на земјиното тло. Според мене може да следат еден, два помали земјотреси, па да се смири тлото, но може да има и еден поголем“, објаснува Гаревски.

Епицентарот на последниот земјотрес беше на 5 километри северо-западно од Ресен на длабочина од 10 километри.

Во 1 часот и 2 минути по полноќ беше почувствуван земјотрес во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од 3,3 степени според Европската Макросеизмичка Скала, по кој следуваа уште два со јачина од 2,4 и 2,7 степени.

(ВИДЕО) Шефицата за надворешна политика на Бугарија: Кирилицата, Кирил и Методиј се бугарски

Шефицата на бугарската дипломатија , Захариева во интервјуто вели и дека со Македонија имале заедничка историја.

Екатерина Захариева за бугарската национална телевизија БТВ вели дека кирилицата, Кирил и Методиј биле бугарски.

Министерката, сепак покрај заедничката историја на Македонија и Бугарија, вели дека Кирил и Методиј се Бугари, и дека кирилицата и припаѓа на Бугарија.

Нов земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес со јачина од 2.8 степени според Рихтеровата скала утринава во 1 часот и 2 минути е почувствуван во Охруд, Струга и Ресен.

Земјотресот потекнува од охридско-епицентрално подрачје, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математички факултет во Скопје.

Популарно