Ова се идните министри на СДСМ

Оливер Спасовски ќе биде нов министер за внатрешни работи, Тевдовски влегува во министерскиот кабинет во Финансии, а Јован Деспотовски ќе биде министер за транспорт и врски или за информатичко општество во зависност од договорот со коалиционите партнери, пишува Press24 повикувајќи се на високо позиционирани извори во СДСМ.

Екс амбасадорот Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Теута Арифи ќе ги поделат ресорите Евроинтеграции, Одбрана и Надворешни работи. Се чека договорот со ДУИ за да се дефинира кој каде ќе биде распределен.

Докторот неврохирург Венко Филипче е прв избор на СДСМ за Министерството за здравство доколку оваа позиција не ја добие партијата на Села која била заинтересирана за ресорот.

Од СДСМ нема официјална потврда освен партискиот став дека преговорите треба брзо да резултираат со договор. Заев има рок до 6 јуни да му ги достави на Собранието составот и програмата на новата Влада.

Пресврт во милионската кражба во Велес: Снаата го земала златото

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расветли кражбата на златен накит во куќа во тетовското село Боговиње, пријавена пред два дена околу 21 часот.

Според пријавеното, непознати сторители преку незаклучената врата влегле во куќата и додека снаата била во бањата, од невестински фустан во регал, во една од спалните на катот, одзеле повеќе парчиња разновиден златен накит, чија вкупна вредност се проценуваше на 2 милиони и 250 илјади денари.

-По преземените мерки и активности утврдено е дека накитот претходно кај нејзините најблиски го однела снаата, но наводно заборавила да им каже на другите, меѓу кои и на свекорот, кој ја пријавил кражбата, информираат од СВР Тетово.

Накитот вчера бил пронајден и вратен, а СВР Тетово случајот наскоро ќе го заокружи со соодветен поднесок.

Точно напладне стартува 31-от Охридски пливачки маратон

Охрид, 19. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – 22-ца пливачи, од кои 15 во машка и 7 во женска конкуренција ќе пливаат за медал на 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон.

Ќе се плива на патеката „Климе Савин“, од Св. Наум до Охрид, во должина од 30 километри.

Што се однесува до натпреварувачите, во Охрид е пливачката елита, најдобрите десет пливачи од светската ранг листа на ФИНА, што ветува јака трка и силна конкуренција. Има пливачи од Франција, Бразил, Аргентина, Канада, Италија, Германија, Холандија, Хрватска и Русија, а меѓу нив и тројца македонци – Евгениј Поп-Ацев, кој е победник на овој маратон во 2015-та година, Александар Илиевски и Александар Панчевски.

Стартот на трката ќе биде точно напладне од Св. Наум, а првите маратонци на целта на градското пристаниште се очекуваат после 17:30 часот.

Охридскиот пливачки маратон е трета, воедно и претпоследна во Гран при серијата на ФИНА, а можеби и клучна за добивање на конечниот ранг на светската листа на мартонско пливање. Наградниот фонд е во висина од 10.000 долари.

Спортската манифестација која преставува еден од амбасадорите на Охрид и нашата република има долга традиција. Првата маратонска трка е одржана во 1954 година, а првиот Охридски пливачки маратон во 1962-та.

Taравари: Ќе одговара оној што мислел да ги врати сините картони

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека не знае како дошло до тоа да се вратат сините картони и најави ќе побара одговорност од тој што ги пуштил во оптек, бидејќи, како што кажа, нема потреба од нив.

„Сини картони нема да требаат. Од денес нема да се бараат сини картони, ниту во примарното здравство, ниту во аптеки. Според бројчето на електронската картичка, дури таа и да е истечена, може во системот да се провери дали граѓаните имаат здравствено осигурување. Јас не знам како дошло до ова да се делат сини картони. Некој изгледа сакаше филм да направи, знаете многу се занимаваат со здравството. Ќе побараме одговорност кој пуштил во оптек сини картони, кога од нив нема потреба“, изјави Таравари на денешната прес-конференција.

Популарно