ФОТО: Најубавата македонска апсолвентка

Една од најубавите македонски пејачки, Симона Попоска, ја грабна дипломата и го заслужи називот Д-р. Симона Попоска, време дојде и да прослави за тоа.

Синоќа убавата пејачка ја прослави својата апослветнска вечер заедно со своите колеги, а фотографиите од подолу сведочат за нејзината убавина.

(ФОТО) Дали знаете колку години наполни Ирена Спировска?

Популарната водителка Ирена Спировска вчера го славеше својот роденден. По тој повод, на нејзиниот фејсбук-профил осамнаа голем број честитки од страна на нејзините многубројни пријатели, следбеници и обожаватели, кои од се’ срце и’ го честитаа роденденот, објавувајќи заеднички фотографии со неа. Земајќи предвид дека водителката важи за една од најубавите дами во нашиот етер, тешко е да процениме колку години наполни, па затоа таа сама ни го појасни тоа, објавувајќи статус на социјалните мрежи:

„Добре дојдовте 43 (Welcome 43)“, порача Ирена Спировска, која објави неколку фотографии од роденденската атмосфера во кафулето „Every Day“, каде што го прослави роденденот со своите блиски.

ФОТО: Биба Додева се пофали со внучето

Биба Додева, реномирана пејачка на нашата естрада и претседателка на здружението „Борка“ неодамна стана баба, откако на свет го донесе своето прво дете нејзината ќерка Емануела.
Имено, изминатиот викенд младата докторка Емануела се породи во Португалија и на свет донесе машко дете кое го доби името Хумберто Александар. Гордиот тато ја сподели првата прегратка со синот и со пријателите на Фејсбук, а баба Биба веднаш им прати срценце.

ФОТО: Со кого се брцна во базен Елена Велевска

Фолкерката ги искористи топлите денови да се разлади покрај базен со најмилите.

Елена Велевска заедно со децата уживаа на базен, а убавите моменти реши да ги овековечи со селфи фотографија. Сите заедно уживаа, а Елена фотографијата ја сподели и на социјалните мрежи и напиша:

 - Детска радост со најмилите.

Популарно