Вип го воведува атрактивниот Vip Combo Box

Вип со големо задоволство најавува збогатување на своето  портфолио во фиксните услуги и го воведува пакетот Vip Combo Box со кој корисниците го добиваат најдоброто решение за пристап до брз интернет и фиксна линија  дури и во најоддалечените места во Македонија.

Со новиот Vip Combo Box, корисниците добиваат уред кој e лесен за користење и има едноставна инсталација, уредот станува функционален со едноставно приклучување во струја.

Дополнително со Vip Combo Box корисниците ја имаат можноста да изберат меѓу пакетите со две, три или четири услуги и да уживаат во неограничен интернет и неограничени разговори во фиксна и мобилна телефонија и во до 50 ТВ канали по најатрактивни цени на пазарот.

“Vip Combo Box е совршен избор за сите корисници кои сакаат брз интернет и фиксна телефонија за својот дом и за сите оние кои летните денови ги поминуваат во викендички, дури и за оние кои имаат потреба од брз интернет на своето работно место. Со Vip Combo Box интернет е достапен не само во урбаните , туку и во руралните средини, а едноставниот начин на приклучување и користење го прави овој производ уште поатрактивен. Ние во Вип секогаш им нудиме повеќе на нашите корисници, а со нашиот Vip Combo Box ги исполнуваме барањата и потребите на корисниците за слободна и неограничена комуникација по најдобра цена “, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

За месечна претплата од 499 денари корисниците го добиваат Vip Combo Box 2 со неограничен брз интернет и можност за фиксен телефон. Со Vip Combo Box 3 за месечна претплата од 799 денари корисниците добиваат неограничен брз интернет, неограничени раговори кон сите фиксни национални мрежи и телевизија со до 50 ТВ канали. Со Vip Combo Box 4 корисниците ја добиваат можноста да искомбинираат четири услуги и да добијат дополнителен попуст!

Условна казна за кумановчанецот кој го извади македонското знаме од јарбол

Момчето кое го симна македонското знаме од јарбол во Куманово и постави албанско знаме е казнето со услона казна од две години. На судењето денеска е одлучено Љуан К. од Слупчане да добие условна казна, откако го призна делото за инцидентот во март годинава.

Неговиот помошник, 16-годишниот Л.С. не го призна делото, па неговото судење е во тек.  

Подарок од „Македонски Телеком“ за сите кои имаа прекин на услугите

Корисниците на Македонски Телеком коишто имаа прекин на услугите во текот на завчерашниот ден како последица на невремето, во месец јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест. Сите корисници на телевизијата MaxTV ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1и M1Gold.

Корисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во месец јуни, a oстанатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет.

Двојно повеќе мобилен интернет бесплатно во месец јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Македонски Телеком, односно корисниците на  Magenta 1 Business пакетот  и Business Mobile услугите.  Останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет за месец јуни.

Македонски Телеком уште еднаш им се извинува на корисниците за вчерашниот прекин на услугите. 

Канал5 го набрка Васко Ефтов

Емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, почнувајќи од оваа недела веќе нема да се емитува на телевизијата Канал 5, објави  Плусинфо.

Раководството на телевизијата се одлучило на ваков чекор, откако Ефтов ги игнорирал многубројните предупредувања дека во неговите емисии премногу често упатува клевети и навреди, со што го загрозува угледот на оваа медиумска куќа.

Емисијата на Васко Ефтов беше убедливо најгледана од сите политички емисии на македонските телевизии.

Популарно