ВИДЕО: Откриена големата мистерија за чудовиштето во Индонезија

Научниците најверојатно конечно ја решија мистеријата околу распаднатиот труп на „мистериозното морско суштество“ што минатата недела се насука на индонезискиот брег и предизвика интерес на локалните жители, но и во целиот свет.

Локалниот рибар Асрул Туанакота (37), кој го пронајде трупот, во почетокот мислел дека станува збор за сплав, но кога се добллижил видел дека е остаток од некое суштествп за кое помислил дека е голема лигња.

Фотографиите и видео снимките од суштеството го обиколија целиот свет, а научната заедница почна со истражување за што всушност станува збор и како животното стигнало таму.

Џорџ Леонард, водечки научник на непрофитниот Океански комитет за регулирање на пловидбата и риболовот во изјва за „Хафингтон пост“ тврди дека според деловите на скелетот што ги видел, најверојатно станува збор за остатоци од голем кит од семејството Musticeti.

Тој верува дека трупот почнал да се надувува од акумулираните гасови, поради што се изобличил до непрепознатливост.

Островот Серам се наоѓа во близина на рутите за миграција на китовите, што претпоставката на Леонард ја прави многу веројатна.

Колку данок плати прилепчанецот што доби 550.000 евра во кладилница

Обложувалниците „Моцарт“ информира дека ја исплатија најголемата премија во Европа како со-однос во висина на уплатено ливче и остварена добивка, додека во државниот буџет од оваа премија на име на персонален данок се слеаја околу 3,5 милиони денари или 57.000 евра.

Обложувалницата „Моцарт“ официјално соопшти дека прилепчанец со влог од 910 денари, добил околу 550.000 евра за погодени резултати на натпревари.

– Овој маестро уште на 23 и 24 јануари годинава ги уплатил ливчињата, а среќните броеви ги заокружил дури еден месец подоцна на 21 февруари. Големината на премијата првенствено се должи на добиените ’Моцарт бонуси’ кои среќниот Прилепчанец ги искористил со тоа што должината на ливчињата била одиграна во повеќе парови со што му припаднал бонус во висина од повеќе од 50% од вкупната премија за исплата. Сето ова може да се потврди со самиот факт што само од овие добитни ливчиња на среќниот Прилепчанец, државата наплати во својот буџет околу 3,5 милиони денари на име на персонален данок на приход – се вели во соопштението од „Моцарт“.

ВИДЕО: Немал пари за да си купи, па си направил куќа за само 4500 евра

Во куќичката живее околу 1 година и има сѐ што има во секој современ дом. Доколку сте заинтересирани за градење на нешто вакво, на неговиот канал (клик тука) има куп видеа со детали за секој чекор, струја од сончева енергија, изворска вода, итн.

Вечерва не планирајте ништо!

Премиерната тв-снимка од “Златната бубамара на популарноста” ќе се емитува во недела на “Kанал 5” со почеток во 19:45 часот. Завчера се одржа Бубамара во слата „Борис Трајковски“. Урнебесна приредба, смеење до солзи, гламур, забава.

Преполната сала беше местото за  хумор и сатира, емоции, малку носталгија и сето тоа спакувано онака како што може само Ранко Петровиќ да го замисли. И овој пат Сашко Коцев се надмина себеси, па на публиката точно знаеше што ѝ треба. И тоа „Сè за подобар живот“, мотото на вчерашната приредба. Коцев и компанија ја фатија на смеа – инспирацијата секогаш е политиката и политичарите во земјата.

Популарно