НОВ ЗЕМЈОТРЕС - Гостивар го стресе слаб земјотрес

Земјотрес со слаб интензитет е почувствуван во Македонија. Потресот бил со епицентар на 13 километри од Гостивар, со магнитуда од 2,1 степени според Рихтер.

Истиот се случил во 11:45 часот.

Претходно, во неделата во 4,08 часот утрото земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер го стресе Скопје.

Кога е следниот неработен ден- уште колку продолжени викенди не очекуваат до крајот на годината

Следниот неработен ден за сите граѓани на Република Македонија се паѓа дури во месец август, а тоа 2-ри август (среда) кога се празнува најголемиот македонски празник Илинден. 

Ова претставува убава шанса за сите работници кои дотогаш ќе имаат право на слободни денови па можат да ги земат четврток и петок и да отпатуваат на некоја убава дестинација за да се одморат со семејството. 

До крајот на годината, сите граѓани на земјата ќе имаат уште 4 неработни денови:

8 септември – Ден на независноста;

11 октомври – Ден на народното востание;

23 октомври – Ден на Македонската Револуционерна Борба;

8 декември – Св. Климент Охридски 

Нимиц: Да бев Македонец, немаше да преговарам за моето име

Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто, прку соопштение објави дека специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц им го изјавил следново: „Неофицијално - ако бев Македонец, немаше да преговарам за моето име“.

Го гледаме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, за да се смири угнетувачот Грција, па затоа одлучивме, во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објавиме неговите чувства.

Исто така, кога претседателот на ММДЧП, Бил Николов, го праша Нимиц, какви се неговите очекувања доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тој одговори: „Ништо. Не верувам дека би имало какви било последици“. Потполно идентичен одговор добивме и од претставниците на американскиот Стејт департмент кога Николов го постави истото прашање. И згора на тоа, од Стејт департментот рекоа дека според нив решение за спорот за името нема и дека прекинот на преговорите би била логична одлука.

ММДЧП уште еднаш го повторува своето барање до сите политички партии и политичари од Македонија да ги осудат преговорите за името и веднаш да ги прекинат. Болно одекнаа неодамнешните изјави на премиерот Заев во Бугарија кои значат дека тој е подготвен да го продаде вековното име, етничкото потекло и идентитетот на Македонија, само за да ги задоволи Европската Унија, НАТО и САД. ВМРО, вие имавте шанса да го прекинете таканаречениот „спор за името“ додека бевте на власт, но одлучивте да не го направите тоа. Откажете се од преговорите за името веднаш. Премиеру Заев, не можете да преговарате за нешто што не е ваше. Дејствувајте барем еднаш во интерес на Македонија и напуштете ги преговорите“, се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права

Судењето на Заев за „поткуп“ одложено за 27ми Септември - еве зошто

Заев денеска, првпат како премиер, присуствуваше на рочиште во Основниот суд Скопје 1, како обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Судењето за предметот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев денеска е одложено за 27 септември, откако одбраната побара изземање на снимките од Посебните истражни мерки кои веќе беа објавени на Јутјуб. 

Заев изјави дека тој и неговата одбрана размислувале дали да ја објават целосната снимка за да се дознае целата содржина или да бараат нејзино изземање како доказ, по што се одлучиле да ја искористат втората можност што им ја дозволува законот.

Обвинителството треба да утврди и како снимката завршила на интернет.

Популарно