Лепа Брена првпат прозборе за лошата болест: Се плашев дека ќе умрам!

Фолк дивата Лепа Брена досега немаше храброст да прозбори за стресот кој го преживеа пред неколку години кога и било кажано дека може да се разболи од канцер.

Пејачката првпат прозборе колку и бил стресен тој период и како го преживеала тоа.

За ова првпат зборувам. Во 2010 година имав операција на јајниците, Мојот доктор Саша Љубиќ ми кажа да направам еден тест, на кој се покажа дека има големи шански да добијам рак на дојка. Тумор – маркер тогаш беше проширен и итно отидов на операција на циста на јајници. Секако, не кажав нипто за тоа, но беше стресен период за мене, изјави Брена.

Иако веднаш започнала да живее по новите правила, стресот бил голем, па досега пејачката немаше храброст да зборува.

Дара Бубамара во голем проблем: Посетувала психијатар и сака да ја напушти Србија?

Дара Бубамара во последно време се чувствувала психички лошо, почнал да и смета притисокот од јавноста, луѓето кои ја пишуваат, нејзиниот приватен живот, поради што побарала помош од психијатар.

Дара во последно време е растргната од настапи, постојано пакување и распакување и буквално не знае каде се наоѓа. Се во што порано уживала во врска со нејзинатакариера почна да и смета. Таа се обидува да се извлече од ситуацијата и затоа веќе 3 месеци посетува психијатар, но ништо не вроди со плод. Еднаш рекла дека би било најдобро да ја напушти Србија и да живее во некоја земја каде што не е популарна. Психијатарот ја поддржал во тоа и и рекол својата замисла да ја оствари, бидејќи во Србија може да се врати кога сака. Сите сме загрижени за неа. Не знаеме како да и помогнеме. Се труди само пред синот да не биде тажна и нервозна, додека цело време е напната. Пред два дена ангаирала агент да и најде стан во Италија, иако на никој не му е јасно зошто одбрала таму, а од секогаш сонувала да живее во Франција, рекол извор близок на Дара.

Овојпат претера: Мелита си го „измазни“ лицето со фотошоп, ама си ги заборави брчките на вратот!

Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ веќе е добро позната по употребата на фотошоп за нејзините фотографии кои ги постира на социјалните мрежи.

По малку искривени ѕидови, без делови од телото, речиси секоја фотографија е обработена пред да излезе пред нејзините следбеници.

На последната во серијата Мелита малку претерала. Лицето убаво си го измазнила, ама заборавила на вратот, па брчките и тоа како се гледаат. И не само тоа, малку се подискривил и пределот кај очите.

Прва семејна фотографија: Хелена Роза слави роденден, а вака сопругот се грижи за бебето!

Хелена Роза вчера го прослави 40. роденден заедно со сопругот Игор, синот ќерката Кјара и нејзиното момче.

Додека сите уживаа во роденденската прослава, сопругот Игор покажа колку се грижи за бебето, па ја остави мама Хелена малку да ужива, а тој го храни бебето.

Ова е прва семејна фотографија после доаѓањето на новиот член, а Хелена веднаш ја вратила витката линија и изгледа одлично.

Популарно