(ФОТО) ЅВЕРКАТА СЕ ВРАТИ: Пејачката застана пред огледалото и направи фотографија од која ќе ви се заврти паметот

Познатата пејачка Селма Бајрами одлучи да се пофали во колку добра форма е. Таа се облече во  бикини и застана пред огледалото.

Босанската 35- годишна пејачка ги покажа облините по кои мажите на Инстаграм полудеа.

Погледнете како изгледа таа денес, многу од новите пејачки можат вода да и носат.

 

#zvjerkaisback

A post shared by Selma Bajrami (@selmabajrami.star) on

ВИДЕО: Чолиќ и 15 згодни девојки на нива!

Вечниот Чола го најави својот 15ти албум со промоција на новата песна  „Сливите родија“.

Текстот и музиката се на Златан Фазлиќ, аранжманот е на Никша Братош и Дејан Петровиќ, а режијата на Александар Керекеш – Кеки.

Во оваа песна првпат соработува со Дејан Петровиќ, кој се појавува во две улоги: како гостин со својот оркестар и како коаранжер на нумерата.

„Додека го работевме демото, Никша рече дека во песната добро би се вклопиле трубачи и тоа за мене беше како сигнал за Деки, кој е најдобар трубач на овие простори, заедно со неговиот светски бенд. Тој ја прифати поканата и смисли делови што за мене се рокенрол“, изјави Чолиќ.

Спотот се снимал три дена на еден војводински салаш на кој живеат 20 девојки и сè поминало во одличен амбиент.

Аца Лукас остана на улица: Имав една куќа, сега немам ниедна

Српскиот фолк пејач, Аца Лукас се пошегува на сопствена сметка. Имено, за време на снимањето на една од емисиите од новата сезона на „Гранд-ѕвезди“, Лукас ѝ се обрати на една од кандидатките, чие презиме е Стокуќа, со зборовите.

– Блазе си ти, ти имаш сто куќи. Јас имав една, а сега немам ниедна!

Дали притоа мислел на луксузната вила што им ја остави на бившата сопруга Соња Вуксановиќ и нивната ќерка Викторија, или, пак, на распадниот дом поради разводот, не разјасни докрај.

Соња Тарчуловска: НЕ, ЈОХАН НЕ МЕ ФРЛИ ОД ТЕРАСА!

Сопругата на Јохан Тарчуловски, фолк-пејачката Соња Тарчуловска на својот фејсбук-профил објави отворено писмо до сите што ги интересира вистината за парите што нејзиното семејство ги добивало во времето кога нејзиниот сопруг  бил во затвор. Ви го пресенесуваме нејзиниот фејсбук-статус во целост:

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД СОЊА ТАРЧУЛОВСКА

Кој ви рече дека некој бега да одговори на прашањето за надоместокот за трошоците за патувањата во Хаг каде што бевме предадени и обвинети.

Каде побаравте одговор? Одговорот требаше да го побарате кај мане, Соња Тарчуловска. Еве јас ќе ви кажам.

Во периодот од 8 години додека Јохан Тарчуловски лежеше во затвор за Македонија, секој месец државата ни исплатуваше надомест од 5.000 евра. Душегрижници, прочитајте добро. Еве ви ја пресметката:

Јас, Соња Тарчуловска, Мелани и мајката на Јохан

Авионскиот билет чинеше 800 евра х 3 = 2.400 евра

Најевтиниот хотел во Хаг чинеше 150 евра од вечер, за тројца по 7 дена = 1.050 евра

Транспортот од хотелот до затворот во два правца чинеше 40 евра = 280 евра

Секој месец по 1.000 евра префрлувавме на сметка во затворот за исхрана и телефонски картички. Сето тоа вкупно изнесува 4.730 евра. Со преостанатиот дел од 270 евра јас и нашите деца преживувавме месечно во Скопје.

Ова воопшто не е правдање и немам намера никому да му се правдам, но бидејки јас и моето семејство бевме повикани и оцрнети, наводно сме се богателе од државната сметка, не дозволувам!

Не можете да нè оцрните, а знаете ли зошто? Затоа што нас не можеше да нè скрши и оцрни ни затворот, а камоли вие. Нас не нè раздели ниту душманот. Не можете да ги оцрнете и скршите нашите деца затоа што растеа без татко додека вие ги гледавте вашите секојдневно. Со ниедна изјава не успеавте и нема да успеете мене како сопруга и мајка да ме омаловажите дека сум неморална.

А да не заборавам да им одговорам на сите оние што беа загрижени дека мојот сопруг ме фрлил од тераса. Само едно ќе ви кажам: НЕ, ЈОХАН НЕ МЕ ФРЛИ ОД ТЕРАСА!

Може да сонувате да имате брак како нашиот и никогаш не би се избориле со искушенијата низ кои поминавме ние.

Ова е мое прво обраќање по 5 години.

Верувајте, ниту една детска солза не вреди за никакви пари. Ниту една изгубена младост не вреди за ниедни пари. Ниту една празнина и страв не се надополнуваат со пари.

За крај, ние не предадовме НИКОГО, нас нè предадоа.

Популарно