Лекција од елитна спонзоруша: Мажите ви се со мене, а ќе ви кажам зошто

Лесно возбудливо кученце", "Лојално млитаво детиште", "Ултимативна сродна душа", "Освојувач", се само некои од категориите во кои Гвинет Монтенегро ги вбројувала мажите, која уште од својата 21. година се "занимава со мажи" со паричен надомест.

„Лесно возбудливо кученце“, „Лојално млитаво детиште“, „Ултимативна сродна душа”, „Освојувач”, се само некои од категориите во кои Гвинет Монтенегро ги вбројувала мажите, која уште од својата 21. година се „занимава со мажи“ со паричен надомест.

Поранешната елитна ескорт дама открила зошто мажите ги изневеруваат своите сопруги, но и советувала што можат жените да направат за тоа да го спречат, пишува Дејли меил.

Гвинет Монтенегро доаѓа од Мелбурн, а прв пат за секс наплатила 21. година. Тоа го претворила во своја професија, а кога го споделила своето искуство со медиумите и самата станала ѕвезда.

Успехот во својата работа Гвинет го мерела со дизајнерска облека, скапи автомобили и патувања на места од кои застанува здивот.

За медиумите изјавила дека спиела со околу 10.000 мажи, и со тоа ги заработила сите насловни страни на големите медиуми.

Сите мажи ги поделила во неколку категории.

“Лојално млитаво детиште”, го нарекла типот на маж чиј сон е жената да доминира над него.

“Неконформист” е маж со кој ќе пробате секакви луди работи.

“Оштетен” маж е оној на кој треба да му посветите многу време и внимание за да го доведете во ред, а ако сте токсични, подобро веднаш да заминете од него.

Тука е и типот кој само сака да ја задоволи својата жена. Сите тие мажи, вели Гвинет, минале низ нејзиниот кревет и сите ги прашала зошто дошле кај неа, а нивните одговори и помогнале да ги категоризира.

Важно е да знаете што го мотивира мажот да изневерува, бидејќи само со таа информација можете и да го спречите. Мажите се како жените, и тие имаат чувства. Сакаат да се заљубат и да почувствуваат блискост, сакаат да се чувствуваат посакувано. Не изневеруваат затоа што можат, ниту изневеруваат затоа што размислуваат со долната глава. Тие сакаат да се почувствуваат како вистински мажи и се преплашуваат кога ќе помислат дека ќе ја изгубат машката енергија. Тоа што најмногу ме изненади е фактот дека не се чувствуваат посакувано за време на секс, туку кога знаат дека можат да задоволат жена”, открива Гвинет.

Како што таа открива, секој маж кој имал секс со неа, имал само еден мотив – да ја задоволи.

Не доаѓаа само по секс на брзина. Доаѓаа да почувствуваат интима и посветеност и се обидуваа да ме задоволат. За нив можноста да предизвикаат оргазам кај жената е потврда за машкоста. Кога не можат да ја задоволат својата жена, одат кај друга”, рекла Гвинет, и додала дека најдобар секс имала со мажи со кои се гледала надвор од работа, бидејќи покрај физичката имале и ментална поврзаност.

Добар секс е во главата. Кога ќе ја изгубите менталната поврзаност никогаш повеќе нема да биде толку добар. Денес е тешко да се разговара очи во очи, сите комуницираме преку пораки. Не мора да го менувате тоа што сте, само испијте неколку пијалаци со сопругот, и кажете го тоа што ви лежи на душа, за повторно да се поврзете. Не наседнувајте на приказната дека сето тоа може да се најде и преку апликација. Страста која сте ја виделе во очите на сопругот, не може да се најде на апликација”, заклучила Гвинет.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно