ВИДЕО: Како да ја пробиете секоја заклучена WiFi мрежа? ShareТехнологија на 5.2017Апликацијата која може да ви го овозможи ова е наречена "Instabridge", а можете да ја најдете на „Googleplay“ и на „App Store“. Погледнете го видеото за се да ви биде јасно: ShareTwitter Коментирај
Ќе се бришат милиони сметки на GmailТехнологија пред 5 месециАко имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години. Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање. Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега. Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат. Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. ShareTwitter Коментирај
Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефонТехнологија пред 5 месециЗа луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона. Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка. Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“. Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа. Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.ShareTwitter Коментирај
Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакувааТехнологија пред 5 месециСоцијалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат. Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск. Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор. ShareTwitter Коментирај
Вести “Злато мое, ќе те најде тато”: Со потресни зборови за првпат се огласи таткото на исчезнатата Данка