Денеска е среда, 24 мај 2017 година, 144-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 221 ден.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 6 минути, а ќе зајде во 19 часот и 54 минути.
Денов трае 14 часа и 48 минути.
Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 и 22 минути, а ќе зајде во 18 часот и 13 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 15 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно особено во попладневните часови со пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 22 степена.
До сабота подрачјето на Македонија ќе се задржи под влијание на серија влажни воздушни бранови, така што времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.
Во четврток ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Температурата ќе се движи од 14 до 21 степен. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани, преку денот ќе има и сончеви периоди, но ќе дува засилен северен ветер.