Пејачот Дадо Полумента минатата година се ожени по третпат, а неговата сопруга Ивана Ивковиќ и тој кон крајот на октомври 2016 година станаа родители на ќерка по име Алеа.
Дадо, од првиот брак го има синот Доријан, а вели дека ужива во љубовта со Ивана со која сними и спот.
Полумента секоја прилика ја користи да покаже колку е заљубен , а од своите фанови постојано добива пофалби на сметка на изгледот.
-Цврстата врска кај двајца започнува кога еден за друг се подготвени да направат се, напиша пејачот на една од заедничките фотографии со Ивана.