ФОТО: Александра Пријовиќ потполно гола и мокра

Александра Пријовиќ вложи многу во првиот албум „Тестамент“, но дека се ќе и се исплати се доказ првите две песни, кои според коментарите, се вистински хитови.

Во видео записот за првата, Александра е во секси сцени под туш и бела кошула под која се гледа се.

Додека на другата, за песната „Тело“, Пријовиќ е целосно гола.

ФОТО: Емотивна порака и фотографија на Карлеуша за Тоше

Денес одбележуваме 10 години од смртта на трагично загинатиот Тоше Проевски, и по тој повод многу од неговите пријатели и колеги се потсетија на него и споделија песни и фотографии од него.

Еден од нив беше и Карлеуша која на својот Инстаграм профил објави фотографија со Тоше и напиша „Некои луѓе едноставно не се забораваат...и засекогаш оставаат рана на срцето“

ВИДЕО: Интервју на Јелена една година пред смртта

Седумнаесет месеци по убиството на пејачката Јелена која беше брутално убиена на 12. април во Борчи, сѐ уште ништо не е сигурно во врска со нејзиното убиство, а единствен притворен во моментов е нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ.

Во интервју една година пред нејзината смрт таа раскажува за животот со Зоран, како се запознале и во кој правец оди нивната врска. Таа прилично задоволно зборува за својот сопруг и изгледа среќно.

Раскажала дека во него се заљубила на прв поглед, а на следното видео ќе може да го погледнете целото интервју:

Гоца Тржан: Додека ме тепаше мислев дека ме сака, не смеев да го пријавам

Пејачката Гоца Тржан дури после 12 години собра храброст прв пат да раскаже како преживела физичко и психичко насилство  од своето некогашно момче.

-Нашата врска траеше пет години, а веќе првата почна малтретирањето. Знам, многумина ќе прашаат зошто сето тоа го трпев. Не смеев да пријавам, посебно не во земја Србија, а притоа да си Гоца Тржан. Сакав да го променам бидејќи го сакав. Не сакав тој да биде насилник и затоа останав со него. Тоа беше најлошиот момент. За мене сите мислеа дека сум јака, но не беше така.Додека ме тепаше, мислев дека ме сака. Всушност мислев дека ќе ме засака, ако го променам. Но потоа сфатив дека ниту една жена не може да смени маж-рекла Гоца.

И покрај се, таа не го пријавила злоставувачот.

-Тоа е болно, бев ненормална. Се прашував како можев да поминампреку првото давење, па заминав, па се вратив и тоа се повторуваше. Научив никогаш повеќе тоа да не си го дозволам себе си и дека тоа не е љубов-рекла Гоца

Таа нагласила дека не се работи за нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ.

Популарно