ФОТО: Анастасија Петреска за врската со пејачот на Биоритам

Ќерката на Наум Петрески, атрактивната македонска пејачка, Анастасија, долго време беше мистериозна во поглед на љубовниот живот, но очигледно дека сегашната врска со пејачот на групата „Биоритам“ е толку силна што не чувствува потреба да ја сокрива, туку на сите да им каже колку е предадена на чувствата.

Имено, како колеги вљубените гулапчиња и тоа како се разбираат еден со друг, а дека одлично функционираат како естраден пар потврдува и коментарот на Анастасија која во описот за една нова заедничка фотографија напиша дека се Зорица и Кемиш.

ФОТО: Гоца Тржан поради смртен случај лееше солзи во „Пинк ѕвездички“

И овој петок најталентираните деца подготвија вистински спектакл во популарното детско музичко шоу „Пинк ѕвездички“.

Лилјана Плавшиќ, која во првиот круг го маѓепса жирито, овој пат со својата емосија ги доведе сите до солзи, а најмногу Гоца Тржан.

Имено, ова девојченце ја отпеа песната „Свако има неког кога више нема“ од групата „Гарави сокак“ и ја посвети на член од смејството, поради што Гоца Тржан не можеше да престане да плаче.

-Има ли некој кому ја посвети песната: – праша Гоца.

-Мојот дедо – одговори Лилјана.

Овој емотивен настап беше највпечатливиот, особено што членката на жирито Гоца Тржан покажа колку меко срце има.

На неа и кажа „Да“ во Лас Вегас пред 3 години - ова е сопругата на Тони Цетински

Дубравка е третата сопруга на популарниот хрватски пејач Тони Цетински, а се венчале во Лас Вегас пред три години.

Оние кои ги познаваат велат дека Дубравка и Тони се навистина романтични. Таа е способна жена која ужива да работи на кариерата на Тони.

Дубравка е позната по тоа што не сака да се овојува од својот сопруг, а еден со друг се поддржуваат и на друштвените мрежи.

За него тајно се омажила - Драгана пред Тони била во врска со овој политичар

Фолк ѕвездата Драган мирковиќ имала голема љубов пред бракот со бизнисменот Тони Бјелиќ. Врската со овој човек траела 10 години. Станува збор за бизнисмен, политичар и некогашна ѕвезда, менаџерот Зоран Башановиќ. Драгана и Зоран биле заедно во деведесетите години од минатиот век. Во тоа време, Башановиќ на Драгана освен момче ѝ бил и менаџер.

Но, по кратко време Драгана го запознала Тони со кој се омажила во тајност и без голема проследеност од медиумите. Денес, Драгана и Тони имаат две деца, ќерката Мануела и синот Марко.

Популарно