ВИДЕО: Емотивен приказ за борбата на Вардар на патот до титулата

Емоции, среќа, морници и моменти за историја. Тој што го монтирал видеово целосно ја разбира тежината на успехот на Рк Вардар кој на 4 јуни ја покори Европа. Видеово посветено на Европскиот шампион е беспрекорно и безвременско.
 

Тенисерот Димитров ги изрази симпатиите кон Лопез- „Навистина ми се допаѓа тој човек“

Григор Димитров стана голема тениска ѕвезда и покрај тоа што неговите резултати не беа најдобри во последните неколку години, делумно благодарение на неговиот добар изглед. Сепак, тој не мисли дека е најзгодниот тенисер на турнејата, туку ја предаде таа чест на шпанскиот ветеран, Фелисијано Лопез.

„Мислам дека морам да го почитувам Фели. Навистина ми се допаѓа тој човек. Секогаш е добро подготвен, добро изгледа и со косата и со брадата“, вели Димитров.

(ВИДЕО) Модриќ ја „смири“ топката како Роналдињо, Марсело го награди со аплауз

Актуелниот шпански шампион, Реал Мадрид се подготвува за утрешното гостување во Ла Коруња, натпревар со кој ќе ја започне одбраната на титулата од минатата година.

На денешниот тренинг, Зинедин Зидан не можеше да смета на Кристијано Роналдо, но сите останати фудбалери му беа на располагање. Португалецот ќе ги пропушти првите четири кола од Примера поради казната добиена за време на шпанскиот Суперкуп.

„Кралевите“ добро се забавуваа на тренинг центарот во Мадрид, а шоуто накратко го украде Лука Модриќ, кој во стилот на Роналдињо ја „смири“ топката и предизвика одушевување кај соиграчите.

КОНТРОЛАТА НА РОНАЛДИЊО:

КОНТРОЛАТА НА МОДРИЌ:

Oбложувач од Србија загуби 6.500 евра на Вардар-Фенербахче

Победата на Вардар од 2:0 над Фенербахче го чинеше еден обложувач од Србија приближно околу 6.500 евра, бидејќи уплатил само 50 динари на девет натпревари сите од Лигата на Европа, ги погодил сите освен дуелот во Скопје помеѓу Вардар и Фенербахче, кој го играл со тип ГГ и 3+.

Популарно