ФОТО: Во кој хотел ќе бидат сместени играчите на Манчестер Јунајтед во Скопје?

Откако го обезбедија трофејот во Лига на Европа, а со тоа и пласманот во Супер купот на стариот континент, Црвените ѓаволи решија својата посета на Скопје да ја направат максимално удобна.

Најпрво се појавија шекулации дека Јунајтед резервиле простор во „Александар Палас“, за потоа да се спомене и хотел „Мериот“. Сепак официјално фудбалерите на најтрофејниот фудбалски колектив од островот решија за мечот против Реал Мадрид на 08 Август да се сместат во „ТЦЦ Гранд Плаза“.

Оваа одлука на клубот од Олд Трафорд доаѓа по вчерашното гостување на Луис Саха и неговиот престој во прекрасниот скопски хотел. Преставникот на Јунајтед презадоволен од амбиентот и услугата во хотелот предложил истиот да биде дом на скапите ѕвезди на Мурињо. 

Оваа вест официјално ја потврдија и од хотелот:

- Со огромно задоволство, TCC Grand Plaza ве известува дека за време на UEFA Super Cup 2017 ја имаме честа да бидеме домаќини на единствените Манчестер Јунајтед! Со нетрпение го очекуваме 08 Август! 

Погледнете во каков амбиент ќе уживаат Руни, Марсијал, Погба, Де Геа, Смолинг, Валенсија, Херера, Мата... и останатите од најголемиот англиски тим.

Напаѓачот на Милан со себе носи и секси медицинска сестра – Ќе ја донесе ли во Скопје?!

Иднината на Мбаје Нианг е се уште неизвесна, а веќе подого време се зборува дека ќе го замени дресот на Милан со оној на Спартак.

Одличниот напаѓач на Милан најверојатно ќе го облече дресот на шампионот на Русија, иако трансферот не е официјално потврден. Сепак, како и секогаш центар на внимание се понежните половини на фудбалерите, па така е и во овој случај.

(ФОТО+ВИДЕО) Златни копачки и невиден луксуз: Овде живее Роналдо!

Еден од најплатените и најдобри фудбалери во светот Кристијано Роналдо живее во огромна вила со раскошен двор, неколку базени и теретана.

Богатството на светски прославениот фудбалер Кристијано Роналдо (31) по договорот кој во 2016 година го потпиша со Реал Мадрид и кој е трае до 2021 година изнесува 410.000 на неделно ниво.

Овој износ резултираше не само со неколку вили во кои живее неговата бројна фамилија, туку и музејот „CR7“ кој во 2013 година го отвори во родната Мадеира во Португалија, каде што измеѓу останатото се изложени и неговите 140 трофеи и три Златни топки кои ги освои како најдобар стрелец на светот.

Сепак домот на Кристијано во кој моментално живее заедно со девојката Георгина Родригез, за која се шпекулира дека е бремена, близнаците Ева и Матео, како и синот Кристијано Роналдо Џуниор е сместена во Ла Финки кај Мадрид и вредна е 7 милиони евра. Во оваа вила Роналдо држи само неколку златни копачки кои ги освои за време на својата кариера, како и неколку трофеи.

 

Com o Smart Home do @MEOInstagram posso controlar a minha casa a partir de qualquer parte do mundo.

Un post condiviso da Cristiano Ronaldo (@cristiano) in data:

Поради сјајот и својата грациозност, Роналдо често покажува како изгледа внатрешноста на неговата вила, која има огромна кујна во сива боја, додека ходниците се обложени со дрвени ѕидови.

А дворот кој е навистина простран, има неколку базени, додека огромната површина  е прекриена со зеленило. Надвор е сместена накривена тераса со аголна гарнитура.

Неговата вила располага со огромна гаража каде што е сместен цел возен парк, додека во долниот дел се наоѓа и теретана опремена со најнови справи што му овозможуваат на фудбалерот да биде во совршена форма.

 

Smart work👌bom dia 🇵🇹

Un post condiviso da Cristiano Ronaldo (@cristiano) in data:

Затоа не можат да купат никого: Барса „лапна“ 222 милиони од Нејмар, а се „стискаат“ за клаузулата на Сери

Барселона е „полна како брод“ кога станува збор за трансфер буџетот, или барем таков е впечатокот. Каталонците сакаат да го купат Жан Мишел Сери од Ница, подготвени се да одвојат 40 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула, но бараат сумата да биде платена на две рати!

Барселона пред две недели доби чек од 222 милиони евра со кој Нејмар си го откупи договорот и сите очекуваа тие веднаш да тргнат во шопинг и да се доведат адекватни замени со кои ќе се засили тимот. Освен што покажаа дека не биле подготвени за заминувањето на Нејмар, управата на Барса покажа дека е скржава и неспособна.

Клубот од „Камп Ноу“ се мачи да донесе соодветни засилувања, Ливерпул не сака да слушне за продажба на Филипе Кутињо, а и Борусија Дортмунд зема цврст став за Осман Дембеле. Првично се сметаше дека Барселона е жртвата, односно дека сите клубови сега се свесни за богатството на Барселона и намерно сакаат да ја подигнат цената, но изгледа дека реалноста е поинаква.

Жан Мишел Сери се споменуваше срамежливо во текот на преодниот рок и беше во сенка на Кутињо и Дембеле кои разбирливо се мети број еден за каталонскиот клуб и најпрво се чекаше нивно доаѓање. Сепак, се чини дека Барса во моментов се најблиску до фудбалерот на Ница, во кого гледаат замена за Чави, играч каков што мака мачат да пронајдат во последните три години. Дури и самиот Чави го препорача репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска како негов заменик, а и навивачите не би имале ништо против тој да дојде во нивниот клуб, иако станува збор за релативно непознат фудбалер, за разлика од она што сме навикнати да го гледаме во Барселона.

Тие се подготвени да одвојат 40 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула, но загрижува фактот што Барса сака оваа сума да ја плати на две рати. Многумина се чудат како Барса со толку голем приход и еден од најголемите буџети во светот на фудбалот, како и парите од продажбата на Нејмар не може да даде 40 милиони евра.

Веројатно Барселона се обидува да спречи расфрлање со парите одеднаш, но времето за Барселона одминува и остануваат уште 10 дена до крајот на преодниот рок, а првенството е веќе започнато. Што побрзо биде комплетирана екипата, толку побрзо ќе има шанса да се адаптира.

Интересно, медиумите од Островот минатата недела објавија детали од понудата за Филипе Кутињо, а и таму исплатата беше проблем, па јасно е зошто Ливерпул не сака да го продаде Бразилецот.

Имено, и покрај тоа што понудата гласи цели 125 милиони евра, Барса сака да исплати фиксен дел од 90 милиони евра на пет рати, како и бонуси кои се речиси неисполнителни, односно Кутињо да освои „Златна топка“ и два трофеи во сезоната како што гласи една од премиите.

Ако продолжи со овој став, Барселона новата сезона би можела да ја започне со Паулињо како свое најголемо и најзвучно засилување.

Популарно