Денеска е четврток, 15 јуни 2017 година, 166-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 199 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 57 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути.
Денов трае 15 часа и 13 минути.
Месечината, која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде во 10 часот и 17 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне и околу пладне во западните делови нестабилно со пороен дожд и грмежи, а попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната температура од 23 до 32 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за краткотрраен пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.
Позначителна нестабилност повторно се очекува во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота.За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.