ФОТО: Ова е новото момче на Анастасија

Анастасија Ражнатовиќ никако да ја пронајде среќата во љубовта. Таа досега имаше неколку неуспешни врски кои завршуваа бурно. Се чини дека ќерката на Цеца конечно ја пронајде својата сродна душа. Српските медиуми пишуваат дека од неодамна таа е во љубовна врска соЃорге Кујиќ од Нови Сад.

Тој важи за многу популарно момче во својот град, многу е згоден и доаѓа од многу имотна фамилија. До неодамна беше во врска со старлетата Станија.

Останува да видиме дали оваа врска ќе потрае подолго.

(ГАЛЕРИЈА) Ѕирнете во луксузниот стан на Џенифер Лопез

Џенифер Лопез го продава својот стан во Њујорк по цена од 26,95 милиони долари. Пентхаусот кој опфаќа два спрата има поглед на Medison Square паркот на Менхетен и изгледа фантастично.

Тој  се состои од четири спални соби, шест бањи, и две простории кои претставуваат посебно одвоени тоалети, кујна на отворено, музичка соба, гардеробер и перална. Сите простории завземаат околу 610 квадрати, а плус сето тоа доаѓаат и четири балкони кои опфаќаат површина од 288 квадрати.

Според некои шпекулации, станот е даден на продажба откако музичката ѕвезда и нејзиното момче Алекс Родригез одлучиле да купат заеднички стан во кој ќе живеат заедно.

Погледнете како изгледа импресивниот стан на пеачката..

ФОТО: 20 години брак за Мики и Светле Црнокрак - еве како изгледаа на свадбата

Мики и Светле Црнокрак деновиве одбележаа две децении од бракот. По тој повод сопружниците преку две интересни фотки кои ги објавија на “Фејсбук” се потсетија на нивните почетоци, односно на свадбата која се случила на 11 октомври во далечната 1997 година. Плод на нивната љубов се двете ќерки Моника и Нина, а Светле неодамна во едно интервју истакна дека уште кога првпат го здогледала Мики знаела дека ќе се омажи за него.

Убаво македонско име за ќеркичката на Сашко Коцев

Актерот Сашко Коцев вечерва слави со своите роднини, пријатели, колеги. Се јадат мекици за малата Јоана. Ќерката на Сашко се роди пред неколку дена, како плод на љубовта меѓу него и неговата Смиљана.

Популарно