ФОТО: Сон за секоја жена- Леонардо, Орландо и Тоби на едно место

Леонардо ДиКаприо, Орландо Блум и Тоби Магур прошетаа заедно низ улиоците на Њу Јорк.Папараците ги фотографирале тројцата актери во Ист Вилиџ во Менхетен, а биле во друштво на уште неколку мажи. Со Орландо беше и неговото куче.

Ден пред тоа Леонардо е виден во друштво на Џенифер Мајер, бившата сопруга на Тоби, со која се разведоа во октомври 2016 година.
 

ФОТО: Сопругата на Џорџ Клуни во проѕирен фустан прошета низ Италија

Џорџ и Амал Клуни беа уловени од папараците на излез од Harry’s Bar во Чернобио, Италија.

Славниот пар дома ужива чувајќи ги своите близнаци Александар и Ела кои се родија во јуни годинава.

Кога немаат родителски обврски, тие двајца уживаат во заедничките прошетки.

Она што сите успеаја да го забележат е дека 39-годишната Амал е во прекрасна форма. Таа никогаш не била посекси, а тоа го докажа со зелениот фустан кој е речиси проѕирен.

Таа успеала брзо да се врати на своето идеално тело по бременоста.
 

ФОТО: Пукна скандал- Мелита се огласи за неверството на нејзиното момче

На социјалните мрежи вчера се појави фотографија која наводно Мелита Ракичевиќ ја постирала на нејзиниот Инстаграм профил, водителката реши да се огласи.

Фејсбук страната „Приказни од булеварот“ објави копија од фотографијата на која Мелита признава дека момчето ја изневерува, по што настана вистински хаос.

Инстаграм профилот на Мелита наводно бил хакиран, па фотографијата била објавена, па водителката веднаш се огласи и кажа:

„Тешко е да се гледа љубовта, ако сте несреќни и болни… срамота е да хакирате профили и да уништувате животи. Оставете не на мира лудаци! Не постои никаква Ана Марија, нити ја познаваме!“ напиша Мелита и постираше заедничка фотографија со нејзиното момче.
 

(ВИДЕО) Џеј Зи призна дека ја претепал сестра ѝ на Бијонсе во лифтот

Џеј Зи за првпат откри што се случувало по прочуената тепачка во лифт во кој тој го извлече подебелиот крај кога ја нападна Соланж Ноулс.Пред три години вистински хит беше снимката на која се гледа како Џеј Зи ја тепа Соланж Ноулс, сестрата на Бијонсе Ноулс, во лифт.

Видеото стана достапно во јавност, но ниту Џеј Зи, ниту Бијонсе, ниту нејзината сестра не го коментираа.

„Тоа сме ние, такви работи  се случуваат кога две лица ќе се најдат на целосно различни страни, но тоа не значи ништо. Соланж и јас имавме само едно несогласување“, изјави Џеј Зи и додаде дека е во одлични односи со Соланж.

„И пред и по тоа ние бевме во добри односи. Таа ми е како сестра, и секогаш ќе ја штитам. Таа не е само сестра на мојата сопруга, таа е и моја сестра“, изјави Џеј Зи.

А вака изгледаше прочуената тепачка во лифтот:

Популарно