(ФОТО) Лажниот принц на Македонија ги измамил Памела Андерсон и Новак Џоковиќ

Италијанската полиција го уапси 57-годишниот Стефан Чернетиќ кој со години лажно се претставувал како принц на Црна Гора и Македонија, а негови „жртви“ биле и познати личности од целиот свет.

Покрај него е уапсено и лицето С.С. со италијанско државјанство, кој се претставувал како амбасадор на Македонија во Италија и двајцата организирале хуманитарни и гала настани, посредувале за остварување бизнис и културни врски и давале лажни титули и признанија.

На гала церемонија во Џенова, лажниот принц ѝ доделил титула „грофица на редот на лилјанот“ на поранешната актерка, а сега активистка Памела Андерсон.

Тој тогаш рекол дека ѝ ја доделува титулата поради нејзиниот „храбар придонес за заштита на морските животни“.

Влезницата за гала-свеченоста изнесувала 120 евра.

Чернетиќ често патувал во Монте Карло каде се претставувал како принц за да се „пикне„ во високото друштво и да се фотографира со Алберт, принцот од Монако, но и со Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, убедувајќи ги сите дека е дојден за да ги зацврсти дипломатските односи меѓу земјите и да ја прошири нивната соработка.

Чернетиќ на една од веб-страниците отворени за поткрепа на неговиот лажен идентитет го објавил „семејното дрво“ според кое тој е син на грофицата Снежана Аврамовиќ и кнезот Онорато Чернетиќ, односно Црнојевиќ, потомци на славната црногорска лоза, што според „податоците“ на страницата влечат корени уште од времето на Гај Јулие Цезар.

Амбасадата на Црна Гора испратила допис до Министерството за надворешни работи на Италија на 21 октомври, 2016 година во кој се вели дека  Чернетиќ лажно се претставува како принц на Црна Гора и Македонија.

„Стефан Чернетиќ не само што има лажна титула, туку и не е роден во Црна Гора, не живее таму, нема црногорски пасош и сигурно не е дипломатски претставник на Црна Гора“, стои во дописот.

Во едно интервју за италијански медиум Чернетиќ рекол дека Тито му оставил на неговото семејство стан во Белград и дека татко му се борел на страната на нацистите. Наводно бил ранет во Малта, па го спасиле Англичаните и потоа се борел за нив до крајот на војната.

Извор: Кајгана

Видео: Страшни поплави во Дубаи, поплавени аеродромот и автопатите

Застрашувачки видеа се шират на социјалните мрежи откако силно невреме, проследено со пороен дожд денеска го зафати Дубаи. Поради дождот поплавена е аеродромската писта, а авионите едвај се движат по неа.

Одложени или откажани беа бројни летови, а властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.

-Операциите на меѓународниот аеродром во Дубаи во вторникот беа прекинати на 25 минути поради силно невреме, се вели во соопштението на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Имено, заклучно со 12:02 часот утринава откажани се вкупно 21 појдовен и 24 дојдовни летови, а три лета се пренасочени кон други соседни аеродроми, изјави за Gulf News портпаролот на Дубаи.

Фон дер Лајен го осуди иранскиот напад врз Израел

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го осуди воздушниот напад на Иран врз Израел.

Во објава на мрежата Х утринава, Фон дер Лајен го повика официјален Техеран веднаш да ги прекине воздушните напади.

„Силно го осудувам бесрамниот и неоправдан напад на Иран врз Израел и го повикувам официјален Техеран и неговите претставници веднаш да ги прекинат овие напади“, порача Фон дер Лејен.

Крвав пир во Сиднеј во трговски центар, маж избоде до смрт шест луѓе

Маж со нож убил шест, а ранил уште осум лица, меѓу кои и деветмесечно бебе, во трговски центар во Сиднеј, пред полицијата да го застрела и да го спречи во неговиот крвав поход.

Меѓу избодените има и деветмесечно бебе, чија мајка исто така била прободена од напаѓачот по што таа во болница им подлегнала на повредите. Напаѓот бил убиен од полицајка која сама пристигнала на местото на настанот и го лоцирала напаѓачот.

Полицијата потврди дека напаѓот убил четири жени во шопинг центарот и еден маж, додека една жена починал од здобиените повреди во болница.

Меѓу осумте повредени кои се пренесени во болниците во Сиднеј, е и деветмесечното бебе врз кое бил направен оперативен зафат во обид да му се спаси животот.

Очевидците на настанот сведочат за ужасот кој се случува во шопинг молот, но и за моментот кога полицијата успеала да го запре напаѓаќот да продолжи со масакрот.

СЕ ВРАЌАВ ДОМА ОД РОБОТА И САМО ШТО СВРТЕВ НА АГОЛОТ И ВИДОВ ЧОВЕК ВО ЖОЛТО-ЗЕЛЕНА МАИЧКА КАКО ОДИ ВО ИСТИОТ ПРАВЕЦ. НО НАЕДНАШ ТОЈ ТРГНА ВО ДРУГ ПРАВЕ И СЛУШНАВ ЛУЃЕ КАКО ВИКААТ, ВРЕСКААТ И ТРЧААТ. СИ РЕКОВ, ВО РЕД, ТОЈ МОРА ДА ИМА НЕШТО ШТО СЕ СЛУЧУВА. ТОГАШ ЈА ВИДОВ ПОЛИЦАЈКАТА И СИ РЕКОВ ЌЕ ЈА СЛЕДАМ. ЈА СЛЕДЕВ ЦЕЛО ВРЕМЕ И САМО ШТО СВРТЕВМЕ ЗАД АГОЛОТ, БИДЕЈЌИ ГИ ВИДОВ КАКО ДОАЃААТ ОД ТАМУ, ТОЈ БЕШЕ ТАМУ. И ТРГНА КОН НАС. И СЕ СШТО СЛУЧНАВ БЕШЕ „СПУШТИ ГО“ И ТОГАШ ГО ЗАСТРЕЛА. ДА НЕ ГО ЗАСТЕЛАШЕ ТОЈ ЌЕ ПРОДОЛЖЕШЕ ДА ОДИ. ТОЈ БЕШЕ ВО ПОХОД. ТОЈ БЕШЕ ВО КРВАВ ПОХОД. ТАА ТОГАШ МУ ПРИЈДЕ И СЕ ОБИДЕ ДА ГО ОЖИВЕЕ. ТОЈ ИМАШЕ ГОЛЕМ НОЖ СО СЕБЕ. ТАА ГО ОТТУРНА НОЖОТ ПОНАСТРАНА, ИЗЈАВИ ОЧЕВИДЕЦ НА НАСТАНОТ.

Тие сведочат и за хорор кој се случувал во шопинг молот.

ИЗГЛЕДАШЕ КАКО ТОЈ ДА Е ВО УБИСТВЕНА ТРЕСКА, БИДЕЈЌИ КОГА СЕ СИМНАВМЕ ДОЛУ ПО СКАЛИТЕ ИМАШЕ ДВЕ ДРУГИ ТЕЛА ВО БЛИЗИНА НА ПРОДАВНИЦА ЗА СВАДБИ, ИЗГЛЕДАА КАКО, МОРА ДА БЕА ПРОБОДЕНИ. ЕДНОТО ИЗГЛЕДАШЕ ДЕКА Е ЖЕНА, А ВТОРОТО МАЖ. ДРУГИ ИМАШЕ ВО ПРОДАВНИЦАТА, РЕЧЕ ДРУГ.

Осомничениот нападот го извршил во „Вестфилд шопинг центарот“ во источното предградие на Сиднеј, Бонди Џанкшн и според помошник полицискиот комесар на Ноџ Јужен Велс, Ентони Кук, се верува дека тој дејствувал сам. Полицијата, засега, тврди дека не го знае идентитетот на напаѓачот. Според Кук, на местото на масакрот немало ништо што би упатувало на некаков мотив или идеологија за нападот, но од полицијата не ја отфрлаат можноста и за терористички напад.

По нападот на јавноста и обрати и премиерот на Автралија, Антони Албанез, според кого за разорните сцени од Бонди Џанкшн нема зборови и разбирање.

ОВА БЕШЕ УЖАСЕН ЧИН НА НАСИЛСТВО, НЕСЕЛЕКТИВНО НАСОЧЕНИ КОН НЕВИНИ ЛУЃЕ КОИ ОДАТ ВО ШОПИНГ ВО ОБИЧНА САБОТА. ВЕЧЕРВА, СИТЕ МИСЛИ НА СИТЕ АВСТРАЛИЈЦИ СЕ СО ЖРТВИТЕ НА ОВОЈ УЖАСЕН ЧИН И НИВНИТЕ НАЈБЛИСКИ, СЕ ОБРАТИ ПРЕМИЕРОТ НА АВТРАЛИЈА, АНТОНИ АЛБАНЕЗ.

На видеата на очевидците кои се споделуваат на социјланите мрежи може да се види телото на убиецот како лежи во локва крв додека лекарските кипи од брзата помош се обидуваат да им помогнат на жртвите кои лежат по подот на шопинг молот.

Популарно