Марко Чаласан стана најмладиот системски инженер на Микрософт

Младиот компјутерски гениј Марко Чаласан од Македонија го положи последниот испит во Љубљана и стана најмладиот систем-инженер на "Мајкрософт".

Mедиумите Марко го нарекуваат "Новиот Бил Гејтс". 

"Република" го избра Чаласан за личност на годината во 2013 година, кога тој влезе во изборот на 50-те најинтелигентни тинејџери во светот.

Веста доби голем публицитет во словенечките и во црногорските медиуми, но и во еден од највлијателните светски електронски медиуми "Си-Ен-И-Ти" (CNET), кој оваа информација ја пласираше како вест на денот. 

Според технолошката обученост, Марко дефинитивно е чудо од дете, изјавил Матеј Потокар, главниот менаџер на "Мајкрософт" во Словенија.

Генијот Марко на компјутер дневно работи 4 часа, но понекогаш и повеќе од 10. Не игра видеоигри, а на своите врсници им порачува доколку сакаат да играат, да излезат надвор и да си играат со нивните реални пријатели.

Во меѓувреме, Марко работи на проекти. Еден од нив е за продукциски висококвалитетни ХД лекции во целосен ХД формат, како и дизајнирање систем за емитување на истите по пат на мрежна дистрибуција. Сака да го промовира проектот на некој од поголемите светски ИТ саеми и собири, а се надева дека за него ќе се заинтересира и некоја компанија во Македонија.

За Марко Чаласан, како информатичко чудо од дете, се дозна пред неколку години, по што Министерството за образование му подари комплетна компјутерска лабораторија, која, како што вели, многу му помогнала да го усоврши своето знаење.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно