9 години бев во врска со мажена жена, еве што научив...

Макс Вулдриџ, 50-годишен новинар и блогер, одлучил со своите читатели да ја сподели својата љубовна приказна и со тоа да ги сруши митовите за љубовниците...

Преку медиумите, филмовите, книгите и песните, најчесто слушаме за мажите кои имаат љубовници, за жените кои биле несреќни во врските со оженети мажи кои им ветуваат се и сешто, а на крајот ги разочаруваат.

Ова е сосема поинаква приказна: Вулдриџ се заљубил во омажена жена со која бил во врска цели 9 години. Од првиот момент кога се виделе на некоја забава во Лондон, меѓу нив се појавиле искри, си се смешкале еден на друг и откриле заеднички интереси. Тој меѓудругото напишал дека нема обичај да ги гледа женските раце за да види дали имаат бурма, па така било и овој пат.

Лорен му се јавила и му предложила да му направи вечера во својот стан. Отишле на пијачка и тогаш станал свесен дека е мажена, но не се плеткал понатаму во таа приказна, особено што била мајка на осумгодишен син. Меѓутоа, на третиот состанок не можеле да си оддолеат еден на друг.

Тој напишал:

Врската многу врзо стана физичка врска. Мислевме дека сме посебни, а јас имав чувство како цел живот да сум ја чекал баш неа. Ја обожавав нејзината срамежлива насмевка кога ќе и дадев комплимент, го обожавав нејзиниот мирис и обожавав како изгледаше кога ќе се трансформираше од сериозна жена во разиграна девојка. Обожавав кога ќе ми заспиеше на гради."

Се состанувале најчесто еднаш неделно, во деновите кога била во Лондон. Таа работела од дома и работела на истражувања за телевизиски продуценти, а тие се сретнувале откако ќе завршела со состаноците. Имала еден стан во Лондон кој и бил купен од родителите пред да се венча.

Имаше моменти, додека ја гледав со чаша вино во раката или кога ќе се разбудевме заедно, кога мислев дека сум најсреќниот човек на светот. Моментите кои ги поминувавме заедно изгледаа како да се единствените исправни моменти. Така понекогаш и заборавав дека е мажена."

Прстен и залудни ветувања

Сепак, со текот на времето се почесто го чувствувал тој факт. Прстенот постојано го потсетувал дека таа се враќа дома кај својот сопруг. По одредено време не можел ни да и се јави, ниту пак да и прати порака кога ќе посака. Состаноците ги планирале со недели однапред.

Во една прилика ја прашал дали уште спие со својот сопруг. Таа му одговорила: „Се шегуваш? Па јас сум мажена жена. Луѓето во брак не спијат заедно."

Му било драго, но сепак сакал да излезе со нејзе во јавност, да ја запознае со своите родители, пријатели и сакал да се запознае со нејзиниот син.

Како што проаѓале месеците, Макс добил резервен клуч од нејзиниот стан и му дозволила да остави во него резервна маица.

Понекогаш му изгледало како Лорен да сака да биде фатена на дело од нејзиниот сопруг, а понекогаш била внимателна до крајни граници. Прашањето за разводот никогаш не го поставувал, затоа што се плашел дека ќе ја изгуби, а таа секоја роденденска честитка ја завршувала со зборовите „чекај ме", а божиќните честитки со прашањето: „Дали е ова последната година која ја поминуваме одвоено?"

Бидејќи се занимавав со патописи, навистина многу патував. Можеби и затоа несвесно се согласив на врска со мажена жена, бидејќи на некој начин се вклопуваше во мојот хаотичен животен стил. Но, бев подготвен на компромиси. Бев подготвен да чекам нејзиниот син да заврши со училиште ако тоа го сакаше. Бев подготвен да немам свои деца ако тоа значеше да бидам со неа. Многупати размислував за тоа колку жени биле во ситуации кога чекале нивните полу-партнери да ги остават своите сопруги.

Како љубовник го имате најдоброто од бракот: смеа, забава, секс. Меѓутоа мене ми фалеше и емоционална блискост, она прекрасно чувство кога го губите време со некој што го сакате и чувството на сигурност. Знаев дека заслужувам повеќе, но се плашев дека нема да пронајдам таква хемија со друга жена.

И покрај тоа што за целиот тој период запознавал жени кои покажувале интерес, кои биле слободни и кои му се допаѓале, тој и останал верен на Лорен. Ја љубел премногу, но бил во искушение да ја прекине врската.

Неизбежен крај

И тогаш, еден летен ден после 9 години, му стигнала порака од Лорен:

Макс, имаме одлична хемија, но мене ми треба повеќе од тоа што ти можеш да ми го пружиш."

Таа му советувала да најде некоја помлада и да има свои деца. Бил во шок, а најмногу го шокирала последната реченица во која му кажува дека нашла некој друг.

Никогаш повеќе не се слушнал со Лорен. Наместо тоа, три години по раскинувањето, решил својата приказна да ја подели со другите. Тој дури и пишува книга за нивната врска и за тоа како успеал емотивно да заздрави од се што се случило. Повторно излегува, а себеси си ветил дека во следната врска сака недели и понеделници без криење и ги сака сите оние досадни моменти кои паровите ги земаат здраво за готово.

На крајот заклучува:

Два месеци откако Лорен ја прекина врската, го пронајдов мејлот на нејзиниот сопруг и му пратив порака да го прашам дали е навистина тој. Ме изненади и одговори. Тогаш му реков се што се случуваше. Никогаш повеќе не разменивме пораки.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно