Тој не се помирил, кога му рекле дека наскоро ќе умре! 30 години подоцна сакал да им се пофали на лекарите, но нив веќе ги немало

Прекрасна приказна за еден човечки живот е само уште еден доказ дека болните пациенти никогаш не треба да губат надеж и да продолжат да се борат. Имено, кога во 1976 година лекарите му дијагностициралерак на белите дробови, Стаматис Мораитис не се помирил со фактот дека наскоро ќе умре. Тогаш, девет различни лекари потврдиле дека му останува половина година живот и дека веднаш би требало да започне со агресивен третман со хемотерапија. Не сакал да се лекува на тој начин, Стаматис го одбил третманот и од САД се враќа во своето родно место, на остров Икарија во Грција.

Потоа се случило нешто неверојатно! Од самиот почеток, тој бил уништен од депресијата и по цели денови лежел во кревет, додека неговата сопруга и мајка ја презеле грижата за него. Сепак, еден ден му се враќа верата и неговата желба за живот, па претпоставувајќи дека ќе живее уште малку, тој решил последните месеци да се шета, да комуницира со луѓето … Само за да има активен живот. Во следните неколку недели, тој почувствувал дека силата полека му се враќа, па еден ден дури решил и да си засади градина, иако не очекувал дека ќе го доживее раѓањето на плодовите од засадените растенија. Сепак, ова била добра причина да го искористи  сонцето и чистиот воздух покрај морето.  Поминале шест месеци, но Мораитис не умрел. Наместо смрт, тој работел на земјата, будејќи се порано и во текот на целиот ден престојувал надвор, на воздух. Сам си подготвува ручек од зеленчукот кои ги засадил во својот двор. Наечер, тој се одел  во локалната кафеана играјќи домино до доцна по полноќ. Годините минувале, а тој се чувствувал се повеќе здрав. По 30 години таков начин на живот, тој наполнил 97 години и кога дознал дека нема наскоро да умре, решил да оди на преглед со своите стари резултати, со цел да провери што се случило. Наскоро сфатил дека сите лекари кои му предвидувале уште 6 месеци живот, веќе биле мртви, односно дека тој сите ги надживела. Мораитис никогаш не ја почнал хемотерапијата, која требало да му го продолжи животот, тој само се преселил на Икарија. Неверојатниот старец починал на возраст од 102 години, а во пеговата посмртница како  причина за смртта е наведена длабоката старост, а ракот воопшто не е споменат, бидејќи при последниот преглед, тој не постоел.  Пораката од историјата на животот на Мораитис е тоа дека луѓето треба да знаат дека на болниот човек не му треба толку медицина, колку што му е потребна верата, волја и љубов кон природата. За здравјето е потребна регенерација на телото и духот. Она што е особено интересно е фактот дека местото во кое Мораитис ги поминал последните децении од животот, во светот е познато по здравата храна, но и како остров, на кој “луѓето забораваат да умрат”. Таму жителите речиси не знаат што е тоа болест на срцето, или рак и слични случаи се вистинска реткост на Икарија. Маслиновото масло, руколата, хељда, пченкарен леб, оригано, магдонос и сите слични билки секојдневно се наоѓаат на трпезата на овие луѓе. Исто така, црвено месо во Икарија не се јаде повеќе од еднаш неделно. “Можеби немаме многу пари, но секогаш имаме храна на масата и се забавуваме со семејството и пријателите. Не брзајте сите обврски да ги завршите во текот на денот, за да не работите и навечер. На крајот на денот, не седнувајте пред телевизорот, туку зборувајте и смејте се “, велат жителите на Икарија. Неовообичаенито  животот на Икарија се состои во тоа што таму никој не брза. Се што јадат луѓето, тие самите си го произведуваат во нивните градини. Во текот на денот тие одат и по 20 километри, а во попладневните часови, целото село почива. Овие луѓе се смеат и се пријатели едни со други. Живеат без голем стрес и токму поради тоа се најсреќни. Борбата за пари за нив е нешто непознато.

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Приказната за скопското бездомно куче Чопер и виетнамскиот јутјубер Ву

Македонските граѓани трагаа неколку денови по бездомното куче Чопер,тоа повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои случајно го запознаа, додека биле на привремен престој во Скопје.

 Тие утре, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија.

Приказната започна на социјалните мрежи каде што младиот тиктокер и јутјубер, Филип Ву, кој потекнува од Виетнам, побара помош од Македонските граѓани. Овој човек патувал на повеќе дестинации во светот, а животот го донел и во нашата земја.

„Ако сте од Скопје, Македонија или знаете некој од таму, ми треба вашата помош …“, го започнува видеото.

На својот „Инстаграм“ профил, Ву објаснил како додека престојувал во нашата татковина започнал да се грижи за бездомно куче, хранејќи го секојдневно. По извесно време, кучето ја стекнало неговата доверба и почнало да го пречекува кога и да се враќал дома.

Љубовта била обострана, па така овој човек се одлучил да го посвои животното, откако ќе се врати од Германија во Македонија со автомобил. За тоа време, планот бил кучето да престојува кај неговиот пријател од Скопје.

Но, во периодот додека бил отсутен кучето се изгубило.

За среќа, со помош на македонските граѓани, Чопер е пронајден и заедно со јутјуберот Филип Ву, „ќе поднесе документи за германско државјанство“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Phillip Vu (@phillipqvu)

Популарно